19.4 C
Ohrid
понеделник, септември 9, 2024
ПочетнаИсторијаНа денешен ден: Mакедонските војводи, на Конгресот што почна во демирхисарско Смилево,...

На денешен ден: Mакедонските војводи, на Конгресот што почна во демирхисарско Смилево, одлучија да биде дигнато Илинденското востание

Поради напаѓањето на патничките, железничките, телеграфските и поштенските врски, била испратена декларација до Големите сили нивни граѓани да не патуваат на железницата Битола – Солун, за да не дојде до несакани жртви

Една од судбоносните одлуки за Македонија, за дигање на Илинденското востание, е донесена на денешен ден во демирхисраското село Смилево на Смилевскиот конгрес, кој траел од 2 мај до доцна во ноќта на 7 мај 1903 година.

– А бре луѓе, не губете си го времето да го решавате прашањето ќе има ли востание или не, зашто тоа е решено – битти даваси! Говорете сега за востание, како да го направиме и кога, но не по ден и по време, се зборовите кои според сеќавањето на Пандо Књашев ги кажал идеологот на ВМРО, Даме Груев, кога настанала напната атмосфера дали да се дига востание или не.

Смилевски конгрес – конгрес на Битолскиот револуционерен округ започнал на 2 и траел до 7 мај 1903 година. На Конгресот бил ставен крај на полемиките за востанието и било решено да се крене во Битолскиот револуционерен округ, а со тоа и во цела Македонија и Одринско.

Најпознатите војводи на едно место

Најголемиот број од делегатите уште на 30 април се собрале во Смилево, а соселаните на Груев ја сфатиле честа како и одговорноста од престојот на такво мноштво на револуционерни првенци во нивното село.

Месното раководно тело, на чело со претседателот Георги Чуранов, го мобилизирал целото село и на сите мажи и жени им доверил соодветни задачи.

Еден дел од вооруженато месно население, деноноќно ја вардело целата околина, а стотина вооружени смилевци биле на нозе внатре во селото.

Одделенија од по 3-4 четници биле поставени по сите соседни села на Смилево. Невидливи стражари од сите села меѓу Смилево и Битола деноноќно внимавале, формирајќи жив телеграф за предавање на било какво сомнително движење откај вилаетскиот центар.

Сите раководни тела по тие села знаеле, дека во Смилево се собрани најголемите војводи.

Домаќин и претседател на Конгресот: Даме Груев

Даме Груев набрзо по средбата со Гоце Делчев го напуштил Солун и преку Битола, каде што се состанал со членовите на Окружниот комитет, се упатил кон родното Смилево. Груев бил овластен на конгресот да го претставува ЦК на Организацијата. Реоните биле претставувани од: Битолскиот од Ѓорѓи Сугарев од Битола, Парашкев Цветков од Плевен, Никола Петров – Русински од Малешевско, Демирхисарскиот од Јордан Пиперката и Димитар Матлиев, охриѓанец, Крушевскиот од Никола Карев од Крушево и Иванчо од Латово, Кичевскиот од свештеник Тома Николов, Димитар Спространов, Васил Попов и од војводите Арсо, Јанаки и Ванчо Мицкови, Прилепскиот од Петар Ацев, Јордан Тренков и Тале Христов, Ресенскиот од Славејко Арсов од Штип, Никола Кокарев, потпоручникот Велјан Илиев (познат под псевдонимот Пенчо) од с. Смилево, Леринскиот од Георги Папанчев од Сливен и Михаил Чеков од с. Екшису, Леринско, Костурскиот од Васил Чекаларов и Пандо Кљашев, Охридскиот од Лука Групчев и Христо Узунов (и двајцата охриѓани), Тасе Хростов, Дејан Димитров (Мицковски) и Аргир Маринчев.

Дневен ред на Конгресот

По предлог на Борис Сарафов, за претседател бил избран Даме Груев. За секретари биле посочени и прифатени Георги Поп Христов и Парашкев Цветков. За дневен ред на конгресот биле поставени следниве точки: 1. Распределбата на војничките и моралните сили; 2. Подготвувањето до и за време на востанието; 3. Должностите и правата на началничкиот персонал до и за време на востанието; 4. Што да се прави со невооружените и неспособни луѓе – старците, жените и децата за време на востанието; 5. Кој е стопан на оружјето; 6. Рамномерното распоредување на оружјето; 7. Определување на времето за востание.

Смилевскиот конгрес, како конгрес на Битолскиот округ, според решенијата донесени во Солун, требало дефинитивно да ја потврди одлуката за кревање востание. Се развила остра дискусија, во која се јавила струја која сметала дека условите за сенароден бунт, се уште, не се созреани.

На првиот ден од конгресот од излагањето на делегатите било утврдено дека Прилепскиот, Битолскиот, Кичевскиот и некои делови на други реони не се доволно подготвени.

Најдобро подготвени биле Ресенскиот реон, Костурскиот, Демирхисарскиот, неколку села од Битолскиот реон, како што се Смилево, Ѓавато и Цапари, додека Охридско располагало само со 1.400 пушки.

Меѓу делегатите се јавиле лица кои биле против востание во текот на таа година: Ѓорѓи Сугарев, Петар Ацев, Тале Христов, Никола Карев, Никола Петров Русински и други. Несогласувањата ги прекинал Даме Груев, кој како еден од основачите на ТМОРО и претставник на неговиот Централен комитет, уживал огромен авторитет. Според сеќавањата на Пандо Кљашев, тој рекол:

„А бре луѓе, не губете си го времето да го решавате прашањето ќе има ли востание или не, зашто тоа е решено – битти даваси! Говорете сега за востание, како да го направиме и кога, но не по ден и по време“.

Востанички дисциплински суд

Конгресот натаму ја насочил дискусијата кон практични прашања.

Бил избран Главен штаб со тројца рамноправни членови: Даме Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев. Конгресот го задолжил Главниот штаб да го одреди и датумот на востание.

Бил изработен Востанички дисциплински устав, со кој се определувале правата и должностите на востаниците, на реонските горски начелства и на ГШ.

Според тоа, сите востанички сили се распределувале на востаници десетари, војводи, горски реонски тела и Главен штаб. Било решено секој што купил оружје да се третира како негов сопственик, но ако е неспособен да го употреби, должен е да му го предаде на друг, кој е во состојба да го употреби во востаничките денови.

Во реоните се предвидувало формирање чети од 30 до 50 души, како и тајно увежбување на востаниците. Што се однесува до обезбедувањето храна, таа требало да се собира доколку дозволуваат месните услови. Начинот на нејзиното собирање пред почетокот на востанието бил доброволен, со убедување, а за време на востанието со принуда, со тоа што ќе му се издаде на стопанот за земеното од него расписка, потпечатена со окружниот печат и потпишана најмалку од еден од раководителите началници.

Првиот ден било решено по однос на правата и должностите на началничкиот персонал да се изработи специјален востанички дисциплински устав.

Во однос на стратегијата и начинот на водење на Востанието, било решено тоа да биде општо, односно да се кренат сите окрузи, а да се води на партизански начин, со оглед на тоа дека само еден дел од населението е вооружен.

Освен тоа, било решено на денот на Востанието да се кренат сите вооружени сили по реоните како чети, а четите требало да ги прекинуваат патните, телеграфските и поштенските врски, да ги разоружуваат османлиите, да ги напаѓаат државните згради, да напаѓаат (според можностите) секоја турска вооружена единица, да ги бранат христијаните, вклучувајќи ги и туѓите поданици од турски напади.

Било забрането да се напаѓа мирното население и да се посега по турски жени, деца и старци. Било предвидено четите да дејствуваат поединечно, а во случај на потреба да се здружуваат две до три чети и, по извршената акција, да се растураат. Последниот ден бил прифатен Уставот и било решено Главниот штаб да го определи денот на Востанието.

На последното IV заседание, Конгресот го усвоил Востаничкиот дисциплински устав кој бил изработен од Борис Сарафов и Димитар Дечев.
За повеќе детали ТУКА-Пирин

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј направен во Охрид.

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј!!! По повод денот на независноста на Македонија, друштвото за истражување и развој Сефиданис, во клубот Ребел во Охрид...

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...