27.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаАвстралијаВо затворска болница во Австралија умре најголемиот сериски убиец со хрватско...

Во затворска болница во Австралија умре најголемиот сериски убиец со хрватско потекло

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Иван Милат, чии монструозни сериски убиства на млади автостопери ги шокираа Австралијците во раните 90-ти, почина во затворот во Сиднеј на 74-годишна возраст, соопштија властите во неделата.

<

Милат, по татко Хрват, беше осуден за убиство на седум млади луѓе, кои наводно ги извршил во југоисточна Австралија помеѓу 1989 и 1992 година.

Одлежуваше доживотен затвор, а во мај оваа година му бил дијагностициран рак на желудникот и хранопроводникот.

Неговите седум жртви беа двајца Британци на возраст од 21 и 22 години, двајца 19-годишни Австралијци и тројца Германци, на кои им понудил да ги вози.

Телата биле откриени помеѓу септември 1992 и ноември 1993 година, закопани во шумата Белангло, на околу 150 километри јужно од Сиднеј. Некои биле заклани, а некои застрелани.

Иван Милат беше уапсен во мај 1994 г. благодарение на сведочењето на британски автостопер што за чудо му избегал. Беше осуден во 1996 година.

Милат беше и главниот осомничен за убиствата на три жени што исчезнале десет години пред тоа, но нивните тела не беа пронајдени. Милат ги негираше овие убиства, како и сите други за кои беше осуден.

Во затворот си го отсече прстот и му го испрати на судијата.

Иван Милат е по потекло од Корчула.

Во 2015 година, братот на Иван, Борис Милат, им рече на новинарите дека е сигурен дека полицијата не ги пронашла сите жртви на брат му.

„Мислам дека тој изврши многу повеќе убиства од овие седум“, им рече тој. Кога го прашале колку луѓе мисли дека убил Иван, Борис одговорил: „Околу 28“, потврдувајќи ги најлошите сомнежи кога станува збор за едно од најлошите сериски убиства во австралиската историја.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...