13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаАвстралијаСе кршат копјата околу Танец во Австралија за едни се промотори на...

Се кршат копјата околу Танец во Австралија за едни се промотори на Заев и северна за други промотори на македонски фолклор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денови во очи на турнејата низ Австралија  на Ансамблот за народни игри и песни и игри на Македонија Танец  се разгорува дебата  кај македонците за што всушност доаѓа Танец баш во овој момент и со државни пари.

<

Македонската јавност во Австралија е разбранувана до тој степен што организациите во западна Австралија им одкажаа гостопримство додека тие што се нафатија да организираат во другите градови мака мачат да ја убедат јавноста дека ансамблот Танец доаѓа исклучиво како културен амбасадор и промотор на песни и игри од Македонија без политичка заднина.

За другиот дел од јавноста оној погласниот на социјалните мрежи ширум Австралија Танец е амбасадор на Преспанскиот договор и политиките на владата на  премиерот Заев. Тие одат дотаму што го сметаат Танец за инструмент на премиерот Заев и владата за разнебитување на македонското јадро. Како што велат истрауматизирани од последните настани со промена на името на државата и културните вредности на македонците каде што се избриша името македонски од сите институции поголемиот дел од македонците со недоверба гледаат на се што доаѓа од Македонија а е поврзано со сегашната влада.

Не помогнаа и претходните обиди на владата да воспостави мост со дијаспората но само со онаа таканеречена “елитна дијаспора” во која ќе членуваат само подобни членови од дијаспората кај дел од  македонците се изгуби довербата.

Никој не знае под кои и какви услови доаѓа Танец за едни е промоција за Северна Македонија  и обид на владата да ги стави под контрола македонците кои живеат во Австралија под контрола а за други е само промотор и амбасадор на Игри и Песни од Македонија.

Директорот на ансамблот не беше достапен за коментар околу сето ова и баремда рсасчити дел од дилемите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...