4.9 C
Ohrid
четврток, декември 26, 2024
ПочетнаМакедонијаВо фабриката ОХИС има жива што може да ја усмрти цела Европа!

Во фабриката ОХИС има жива што може да ја усмрти цела Европа!

spot_img

Според документ до кој дојде „Слободен печат“, за време на производството во фабриката во околината биле ослободени вкупно 400 тони жива, поради што денес е контаминирана пошироката област од 6.200 квадратни метри.

Во темпираната хемиска бомба „ОХИС“ има околу осум тони жива, кои десет години се оставени да течат насекаде по погонот за електролиза, да испаруваат во воздухот и да понираат во почвата и во подземните води. Овој метал во течна состојба предизвикува несогледиви последици врз здравјето на луѓето и квалитетот на животната средина.

Според документ до кој дојде „Слободен печат“, за време на производството во фабриката во околината биле ослободени вкупно 400 тони жива, поради што денес е контаминирана пошироката област од 6.200 квадратни метри. Подземните води околу погонот за електролиза се загадени 20 пати над соодветната холандска интервентна вредност, а максималните дози во почвата се дури 98 пати над интервентната граница! Се претпоставува дека по затворањето на фабриката, во погонот за електролиза останале околу 8 тони жива и сè уште се таму, а системот во кој се чувал течниот метал не само што не бил херметички затворен, туку капе наоколу.

Жешката точка ќе нè спржи

По минатонеделниот инцидент во некогашната хемиска фабрика, денес во стечај, кога се излеа вода со која била миена цистерна во која порано бил складиран метил акрилат, јавноста побара одговорност и итно чистење на сите хемикалии во „ОХИС“, која е најжешката еколошка точка во Македонија. Во тек е чистењето на 11 заостанати хемикалии, што го врши фирмата „Екоцентар 97“ и при кое се случи инцидентот со протечената контаминирана вода, а во тек е и меѓународниот тендер за чистење на малата депонија со пестицидот линдан, кој го води Организацијата на ОН за индустриски развој (УНИДО) и на кој рокот му беше продолжен до 16 декември годинава. Заостанатите хемикалии се очекува наскоро да бидат транспортирани во Швајцарија, линданот од малата депонија најверојатно ќе се согорува на самото место, големата депонија ќе се покрие, но живата ќе си остане и понатаму.

За количините на излеана жива и за екстремното загадување, говори документот за инвентаризација на живата во животната средина, од Канцеларијата за ПОПС при ресорното министерство, во кој е пресметано историското загадување и новосоздадените количини во разни процеси на производство.
„Во погонот за електролиза капки од жива се распространети на поголем дел од подната површина и на опремата. Големи количества може да навлезат во подземните пукнатини или во неактивните одводни цевки. Покрај тоа, значителни количества жива се пронајдени и во околната почва, како и во зградата на ќелијата. Можно е дел од отпадот што содржел жива да бил одлаган и во депонијата за мешан отпад.

Прочитајте и… Македонската амбасадата во Вашингтон го одбележа 13 Ноември
Најголем дел од живата бил загубен во форма на течен метал преку излевање или за време на одржувањето. И пошироката област од 6.200 квадрати е контаминирана со жива, поради фактот што за време на производството, приближно 400 тони жива биле ослободени во животната средина. Може да се претпостави дека главниот дел од живата е сè уште на локацијата на погонот – се вели во документот на Министерството за животна средина.

Живата мигрирала во подлабоките слоеви на почвата подлабоко од 20 метри и надвор од погонот.
„Близу до погонот постојат траги на површинска контаминација поради тековното демонтирање на погонот, додека пак на исток се гледа дека контаминацијата со жива зафаќа длабочини од 7 до 15 метри. Површинското загадување се намалува со оддалечување од зградата за електролиза, но се зголемува на поголеми длабочини во повеќето издупчувања“.

Лабораториското испитување на градежните материјали покажало високи концентрации на жива во малтерот, во каменот, па дури и во бетонските конструкции, при што концентрациите на жива во повеќето мостри изнесувале од неколку стотици до неколку илјадници милиграми на килограм. Максималните концентрации се пронајдени во материјалите од бетонските конструкции на подната површина и изнесувале до 80.300 милиграми на килограм, а високи дози биле пронајдени и во канализацискиот седимент, како и во бетонската рампа пред зградата, веднаш до бочната пруга.

Живата и натаму се шири

Документот наведува и повеќе начини како живата од погонот за електролиза се раширила наоколу. Масовно ширење преку надворешните асфалтирани површини било предизвикано со извлекувањето на внатрешната технологија од погонот, а продирањето во длабоките почвени слоеви било предизвикано од порозните бетонските подови во халата. Живата и натаму се шири и ги загрозува сите во околината на „ОХИС“ благодарение на загадените површински слоеви на почвата кои се креваат како прав и луѓето ги вдишуваат и загадените води кои се користат за полевање на градините во околината на „ОХИС“.

Прочитајте и… ГЕРМАНИЈА ГО МЕНУВА КУРСОТ: Дали ЕУ ќе донесе шема за осигурување на депозитите
Од Канцеларијата за ПОПС (Постојани органски загадувачи) за „Слободен печат“ објаснуваат дека живата се користела како катода во погонот за електролиза и по завршувањето на процесот одново се враќала во употреба, но системот каде што се чувала не бил херметички затворен.

– Фабриката ја увезувала живата како суровина и ја чувале во затворен систем што не бил херметички затворен и протекувал, па изгубените количини ги надоместувале со увоз на нови. Не се знае колку точно жива останало по затворањето на фабриката, но и да се знае, тоа не значи многу, затоа што оттогаш живата можела да испари, да понира итн. – велат од Канцеларијата за ПОПС.

Бројката од 8 тони жива во „ОХИС“ се среќава во првиот и во вториот Локален еколошки акционен план на Град Скопје (ЛЕАП). Во овој документ се наведува дека најголем проблем е неправилно складираниот линдан, кој се чува во челични буриња што се препокриени со земја на површина од 65 илјади квадрати.

„Во кругот на ОХИС е присутен и друг тип индустриски отпад, кој е несоодветно складиран. Од тешките метали како полутанти се јавуваат оловото и живата, кои се користеле во производниот процес. Се смета дека осум тони жива се складирани во кругот на фабриката“, се вели во ЛЕАП на Град Скопје.

Професорот Трајче Стафилов за „Слободен печат“ вели дека чистењето на живата од „ОХИС“ ќе биде многу скапо.

– Сум ја видел живата во „ОХИС“ пред десетина години кога бев во фабриката, кај погонот за електролиза се слеваше по ѕидовите и се собираше во вирчиња. Тој погон треба да се демолира и урнатините целосно треба да се деконтаминираат. Имаше планови живата да се чисти од „ОХИС“ во рамките на расчистувањето на малата и големата депонијата со линданот, но самото чистење бара многу пари. Имаше слични случаи во европските земји каде што за чистењето на живата и ремедијацијата на теренот беа потрошени огромни суми – вели професорот по хемија Стафилов.

Од Министерството за животна средина до затворањето на овој број од весникот, не стаса одговор кои се плановите на државата за чистење на живата и дали е можно кога ќе се чисти линданот, да се најдат пари да се исчисти и живата и „ОХИС“ конечно да биде ослободен од отрови.

Прочитајте и… Темпирана бомба
„Екоцентар 97“ не ја чисти живата

Директорот на фирмата „Екоцентар 97“ Владо Момироски, кој лани го доби тендерот за чистење на 11 заостанати хемикалии, за „Слободен печат“ вели дека живата не била опфатена во списокот со хемикалии што треба да се отстранат.

– Немам никакви сознанија за живата во кругот на фабриката, таа не беше опфатена во тендерот за чистење 11 заостанати хемикалии – вели Момироски.

Тој работел според тендерот и потоа според изработениот елаборат за тоа како треба да се постапува со хемикалиите, во кој, пак, на списокот го нема метил акрилатот.

– Метил акрилатот го имаше во тендерот, а го немаше во елаборатот затоа што го немаше ниту на терен. Таква беше состојбата и со други хемикалии што требаше да ги исчистиме. Имаше четири хемикалии иницијатори во тендерот, а на терен пет, за хлор беа наведени 48 боци, а имаше 84. За метил акрилатот имаше наведено дека има 11 тони, а во цистерната немаше ништо, оти испарил – вели Момироски.

Тој додава дека сите хемикалии од тендерот се препакувани во соодветни амбалажи, како пластични и метални буриња и сл.

– Ние имаме договор со бугарска компанија што има дозвола за транспорт на опасен отпад и ја чекаме дозволата за извоз на овој отпад кој ќе заврши во Швајцарија за натамошна постапка. Според Базелската конвенција за превоз на опасни материи, сите земји каде што минува опасниот отпад мора да дадат согласност. Имаме согласност од шест земји, чекаме уште од Словенија и во секој момент заостанатите хемикалии ќе бидат изнесени од „ОХИС“ и од Македонија – вели Владо Момироски од „Екоцентар 97“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Идентификувани првите жртви по авионската несреќа во Казахстан: Игор и Александар управувале со леталото

Од компанијата „Азербејџан ерлајнс“ се огласија по повод трагичниот настан кога патнички авион се урна вчераутро во близина на градот Актау во Казахстан, при...

Вондредна инспекција во маркетите, доколку не се намалат цените на основните прехранбени производи ќе преземеме поригорозни мерки, најави Дурмиши

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска одржа прес-конференција на која информираше за активностите кои ќе ги преземе Министерството за економија и труд...

Трипуновски: Децата ги фрлаа јаболкaта и крушите што ги добиваа, а се потрошија над 40 милиони денари, таа мерка ќе се модификува

Мерката на претходната Влада за помош на овоштарството со која учениците и децата во градинките добиваа јаболка, сегашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,...

Полициски службеници од Гази Баба и Арачиново си делеле бонус плати

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција –...