32.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаАвстралијаМелбурн- Грците бесни се нафрлија на градоначалничката Стерјова заради Сонцето бараат оставка

Мелбурн- Грците бесни се нафрлија на градоначалничката Стерјова заради Сонцето бараат оставка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Австралиските медиуми јавуваат за заканите на грчката заедница во Мелбурн насочени кон Градоначалничката  на општина Витлси, Мелбурн г-ѓа Емилија Стерјова заради веењето на знамето на етничките македонци.

<

Грчките екстремисти побараа хитна и неотповиклива оставка заради како што велат крадењето на грчкото знаме кое им припаѓало ним а посебно после договорот од Преспа.

Емилија Стерјова е со македонско потекло а е  најмлад градоначалник на општината Витлси.

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ги осуди смртните закани од припадници на грчката заедница во Австралија упатени до градоначалничката на општина Витлси, Емилија Стерјова поради нејзиното учество на прославата на 28-та генерација матуранти на училиштето по Македонски јазик во Мелбурн и сликите со семакедонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце на црвена основа!

СМК изразува загриженост за движењето на градоначалничката на општина Витлси која отсега на јавни настани мора да има полициска придружба, откако вчера била нападната од Грк на состанокот на Советот на Општината Витлси.СМК повикува на семакедонско помирување и обединување во Австралија, во отпорот против промена на името на државата и идентитетот на нацијата, а во одбраната на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација!Македонците во Австралија очекуваат австралиските власти да ги пронајдат насилниците и оние кои упатуваат смртни закани и против нив да изречат најстроги казни.Правото на самоопределување и самоидентификација на Македонците е универзално неприкосновено, неотстапно и неотуѓиво право во Македонија и во светот, и неприфатливи се омразата, одмаздата, насилството и агресијата против Македонците од било кој поради македонското име, јазик, култура, историја, идентитет и национални симболи!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...