13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаСветМеркел ги повикува Балканците да работат и живеат во Германија: Им недостасуваат...

Меркел ги повикува Балканците да работат и живеат во Германија: Им недостасуваат над милион работници…

Германија на почетокот од идната година ќе донесе нов закон кој би требало да го олесни „увозот“ на квалификувани работници од земјите надвор од Европската унија, најави германската канцеларка Ангела Меркел и предупреди на „очајната“ потреба на економијата за нови работници.

Законот за доселување на квалификувана работна сила ќе стапи на сила на 1-ви март 2020-та година и негова цел е да им се отвори патот на работниците на земјите надвор од Европската унија да работат и да останат да живеат во Германија.

Според последните проценки, во Германија моментално има 1,3 милиони непополнети работни места. Инаку, во економски најмоќната земја членка на Европската унија моментално работат 2 милиони луѓе од странство.

„Но, тоа не е доволно и затоа мораме да побараме квалификувани работници и надвор од Европската унија. Без доволно кадар, ниту една економија не може да преживее“, предупреди германската канцеларка во видео пораката.

Канцеларката Ангела Меркел истакна дека потребата за квалификувани работници од странство не се однесува само на академскита образованите граѓани.

„Ние моментално имаме бројни претпријатија кои се во очајничка потрага по квалификувана работна сила. Ако политичарите не се погрижат да добијат стручен кадар, компаниите и претприемачите ќе ја напуштат Германија, а ние не сакаме тоа да се случи“, порача Меркел.

Во Германија инаку од 2016-та година е на сила таканареченото Правило за доселување од Западен Балкан кое не е ограничено само на квалификуваните, туку се однесува и на неквалификуваните работници. Досегашната пракса покажа дека најголемиот проблем е со издавањето на работни визи, затоа што луѓето во германските амбасади на Балканот за термин чекаат и по една година.Германската влада во идниот период треба да одлучи дали тоа правило треба да се укине кога на 1-ви март ќе стапи на сила новиот закон кој ќе се однесува и на тие земји.

Извор Точка

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...