21 C
Ohrid
понеделник, септември 21, 2020
Почетна Македонија Дебарца Полека но сигурно се враќа животот во општина Дебрца со ваков градоначалник.

Полека но сигурно се враќа животот во општина Дебрца со ваков градоначалник.

Translate (Eng):[gtranslate]

Ви го предаваме интегралниот текст од деншното обраќање на градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески по повод две годишнината од неговиот мандат.

Почитувани граѓани на Дебрца,

Пред две години Ви ја презентирав својата визија, своето видување на Дебрца, како привлечно место за живеење и создавање.

РЕКЛАМА

И од првиот ден откако ми ја дадовте довербата, се зафатив со одговорна, чесна и домаќинска работа во насока на подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните и оддржлив развој на нашата општина.

Две години е доволен период за да зборуваме за конкретни резултати, за повеќе завршени проекти, за уште поголем број отпочнати проекти на кои во моментов активно се работи.

Во оваа прилика ќе Ви презентирам дел од сработеното во изминатите две години :

Ветивме одговорно и домаќинско управување со општинските ресурси и драстично намалување на сите непродуктивни трошења

Податоците од завршната сметка за 2018 година тоа и го покажаа, односно во 2018 година имаме намалување на трошоците за дневници за службени патувања, репрезентација, списанија, весници и други изданија, телефон, правни услуги, услуги за копирање, издавање и други.

Само на овие расходи вкупната заштеда во 2018 година изнесува 729.666 денари .

ü За две години износот на потрошени средства за дневници и репрезентација на градоначалникот изнесува 0 денари.

Ветивме транспарентна и отчетна општинска власт- креиравме нов општински веб портал, збогатен со нови содржини и алатки кои овозможуваат транспарентност и отчетност на општинската власт ( достапен буџет и завршна сметка, пријави корупција, пријави проблем, прашај го градоначалникот, секој ден приемен ден кај градоначалникот, идеи за Дебрца-креирај ја својата општина ).
Тргнувајќи од нашата заложба општина Дебрца да биде посакувана дестинација за рурален туризам, еколошки чиста средина и производство на здрава храна, заштитено културно-историско и природно наследство, привлечно место за живеење и создавање, во изминативе две години изработивме и усвоивме неколку стратешки документи: Интегриран план за локален развој, Локален еколошки акционен план ( ЛЕАП ), Стратегија за енергетска ефикасност на општина Дебрца, а во фаза на изработка е Физибилити студија за реконструкција и модернизација на јавното осветлување во општината.
Го завршуваме процесот на донесување на урбанистичко плански документации речиси за сите села во општината.

Ветивме квалитетно образование за сите

ü Извршивме работи за адаптација и санација на зградата на Подрачното училиште во село Требеништа ( се адаптира просторијата за котлара за централно греење на училиштето и се решава проблемот со континуираната влага во училиштето. ), вредност на работите 479.700 денари. Во завршна фаза е тендерската постапка за избор на изведувач на централно греење во училиштето, кое ќе биде поставено за време на зимскиот распуст,

ü реконструкција и инсталирање на централно греење во Подрачното училиште село Мешеишта, вредност 3.500.000 денари ( Центар за развој на Југозападен плански регион, програма за регионален рамномерен развој и буџет на општината ),

ü извршивме хортикултурно уредување со зелен појас на училишниот двор во село Оровник, вредност 269.040 денари,

ü поставени се фотоволтаични системи од 15 kW на зградата на училиштето во село Белчишта и село Мешеишта, како и на административната зграда на општината во село Белчишта ( проект: „Проектирање и изведба на фотоволтаични системи во рурални општини“, финансиран со средствата од Европската Унија ),

ü извршивме внатрешно молерисување на училишните згради во село Белчишта и село Требеништа, вредност 337.060 денари,

ü обезбедивме нагледни средства и наставни помагала за основното училиште, вредност на набавката 100.000 денари.

Воведовме повеќе мерки за мотивирање на учениците да постигнуваат високи резултати во образованието

ü воведовме бесплатна ужинка за сите ученици во основното образование, за две години од буџетот на општината ќе се издвојат околу 2.800.000 денари,

ü бесплатни еднодневни ученички екскурзии,

ü директна финансиска поддршка за талентирани ученици, износ 24.000 денари,

ü “Добредојдовте првачиња” -во соработка со Фондацијата “Капинков”, од Перт, Австралија на сите првачиња им е обезбеден училишен прибор,

ü финансиски ја поддржавме Отворената фудбалска школа 2018 и 2019, со 200.000 денари,

ü ученички стипендии за ученици од средното образование, износ 202.500 денари,

ü студентски стипендии, износ 117.500 денари,

ü осигурување од незгода на сите ученици во основното образование, вредност 20.000 денари

ü доделување на награда Првенец на генерација и ученици на генерација во основното образование,

ü градоначалникот на општината е генерален покровител на Училишниот атлетски крос и училишните спортски игри.

Ивестиравме во подигање и подобрување на спортската инфраструктура:

ü реконструкција на соблекувалната на фудбалското игралиште во село Лешани, вредност 295.000 денари,

ü реконструкција на спортски полигон во село Волино, вредност 565.000 денари,

ü лед осветлување на спортските игралишта во село Мешеишта, село Волино, балон салата во село Требеништа и спортското игралиште во село Велмеј,

ü нови металхалогени рефлектори на спортското игралиште во село Оровник,

ü ја зголемивме директната финансиска поддршка за спортските клубови ( за фудбалските клубови во регионална лига по 200.000 денари ) и спортските манифестации ( Градоначалникот е покровител на фудбалските турнири “Петровден”, во село Мешеишта и “Богородица Куп”, во село Волино. ),

ü за сите фудбалски клубови од општина Дебрца кои се натпреваруваат во организиран систем на натпреварување ( општинска и регионална лига ) обезбедивме комплет спортска опрема ( дресови, шорцеви, штуцни, тренерки и фудбалски топки ), вредност 300.000 денари.

ü финансиска поддршка на талентирани спортисти, износ 46.000 денари.

Ветивме општина на социјална сигурност :
ü го зголемивме износот на средства наменети за социјални трансфери .

Во текот на изминативе две години доделивме еднократна парична помош за социјално загрозени лица и тоа:
ü за лекување во државата, во вкупен износ 243.300 денари

ü за лекување во странство, во вкупен износ 211.000 денари

ü во случај на смрт, во вкупен износ 80.000 денари,

ü за поддршка во областа на културата и науката, износ 52.250 денари

Доделивме еднократни субвенции:
ü за склучување на брак, во вкупен износ 66.000 денари,

ü за новороденче, во вкупен износ 398.000 денари

Континуирано обезбедуваме :
ü финансиска поддршка на годишните тековни активности на здружението на пензионерите,здружението на борците, здружението на ветераните од одбраната и безбедноста, здружението на инвалидите на трудот, здруженијата на лицата со телесен инвалидитет,

ü финансиска поддршка за еднодневни туристички патувања на пензионерите до излетнички места во државата и странство.

Инвестиравме во подигање на квалитетот на комуналните услуги :

ü набавка на механизација за потребите на ЈКП Дебрца ( универзален ровокопач натоварувач ЈЦБ, мини ровокопач на гумена гусеница ЈЦБ, трактор со приклучна механизација-приколка, мулчер и теренско возило и плугови за чистење на снег), вредност 9.048.088 денари или 147.000 евра, а средствата се обезбедени од ЕУ ИПА грант ( 111.000 евра ), грантот за успешност ( 10.000 евра ) и буџетот на општина Дебрца ( 26.000 евра ),

ü набавка на универзален ровокопач, со придружна опрема ( хидрауличен чекан и даска за снег ), марка Hidromec ( Проект: “Подобрување на општинските услуги”, имплементиран од Светска Банка и Министерство за финансии, а со средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (ИПА).
Согласно Проектот, механизацијата покрај општина Дебрца, како апликант ќе можат да ја користат и партнерските општини Струга и Вевчани.

ü обезбедивме грант од 350 канти за собирање на отпад, од по 360 литри, вредност 26.000 евра ( Проект ‘Унапредување на општинското владеење’, финансиран од Европската Унија, спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии ),

ü обезбедивме опрема и ситен алат за Јавното претпријатие ( тримери, машина за сечење асфалт и друго ), вредност 300.000 денари;

Инвестиравме во Подобрување на општинската патна мрежа:
ü Асфалтирани: улица во село Оровник ( 202 метри ), Горенци ( 190 метри ), Требеништа ( 282 метри ), Волино ( 766 м2 ), Белчишта ( 100 метри ) и Арбиново ( 190 метри ), две улици во село Врбјани, ( 387 метри ), две улици во село Лактиње, ( 322 метри ), две улици во село Годивје, ( 348 метри ), две улици во село Слатино, ( 119 метри ), вкупна вредност 9.240.144 денари,

ü изградивме ( асфалтирање, тротоари, одводни канали ) на две улици во село Мешеишта, ( 1 км ), вредност од 9.061.907,67 денари, средства обезбедени од ЕУ ИПА грант,

ü решен е проблемот со атмосферските води на две улици во село Мешеишта, вредност 700.000 денари,

ü Тампониравме: улица во село Брежани, во должина од 350 метри и улица во село Оздолени, во должина од 500 метри, вредност 407.100 денари,

ü крпење на ударни дупки на асфалтните коловози,

ü извршивме беспрекорно зимско оддржување на општинските патишта и улици, вклучително и регионалниот пат, како и чистење од крајпатна вегетација, вредност 1.600.000 денари,

ü санација на мостови: на патен правец за село Брежани, улица во село Велмеј, пат за црквата во село Издеглавје, мостови за пристап до земјоделско земјиште во село Белчишта и село Волино.

Инвестиравме во Подобрување на водоводна инфраструктура
ü изградивме доводен цевковод за водоснабдување на село Слатински Чифлик, единственото село во Дебрца без изграден водоснабдителен систем, вредност 3.491.010 денари, средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој, проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби,

ü нова бушотина за вода за пиење во село Требеништа, вредност 236.000 денари,

ü изградивме нова каптажа на Регионален водоснабдителен систем Радомирово, Караорман, вредност 471.085 денари,

ü санација на каптажи во Тројани, село Оровник, вредност 367.500 денари.

Инвестиравме во санација на општински и објекти на месните заедници :
ü дозавршување на реконструкција на Дом во село Злести, вредност 1.300.000 денари,

ü дозавршување на реконструкција на објект на МЗ село Ботун, вредност 600.000 денари,

ü санација на внатрешниот дел од општинска зграда село Мешеишта, вредност 341.397,00 денари,

ü реконструкција на објект на МЗ Горенци, вредност 1.142.570 денари,

ü реконструкција на стара училишна зграда во село Волино и нејзина пренамена во Центар на локалната заедница, вредност 2.464.926 денари, средства обезбедени преку Центарот на Југозападниот плански регион, Програма за рамномерен регионален развој,

ü уредување на просторот покрај двете новоизградени улици во село Мешеишта, вредност 1.008.900 денари,

ü санација и адаптација на Спомен училиштето во село Црвена Вода, вредност 590.000 денари,

ü извршивме партерно уредување : на платото во црквата “Св.Спас”, село Годивје, во површина од 160 мкв, на влезот во манастирот “Св.Јован Крстител”, село Слатино, во површина од 70 мкв, вредност 208.335 денари,

ü партерно уредување на просторот пред амбулантата во центарот на селото Велмеј /прва фаза ( бекатон патеки, шанк со санитарен чвор и комплет водоводна и електроинсталација, изградба на огниште ) вредност 1.058.460 денари. Деновиве започнавме со втората фаза од овој проект-заградување и осветлување на уредениот простор, вредност . 897.000 денари,

ü партерно уредување ( бекатон патека, бекатон платформа за детско игралиште, ѕид од фугиран камен учично јавно осветлување, детски реквизити ) во село Оровник, вредност 1.343.356 денари, средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој, Програма за развој на села ( 600.000 денари ) и Буџетот на општина Дебрца за 2019 година ( 743.356 денари ),

ü регулација / бетонирање / на канал за наводнување во село Злести, во должина од 400 метри, вредност 706.938 денари,

ü регулација на канал за наводнување во село Лешани, во должина од 500 метри, вредност 1.409.392 денари,

ü го реализираме проектот “Изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца”, кој опфати повеќе активности : поставување на армирано бетонски цевки за премостување на водотеци, изградба на бетонски влезни и излезни шахти за пропусти, крилни ѕидови, изградба на бетонски канали за вода со или без метални решетки, кои беа реализирани во селата: Мешеишта, Лактиње, Врбјани, Оздолени, локален пат Сл.Чифлик-Слатино, Сливово, Песочани и пат село Песочани – Радомирово , Брежани, Оровник, Лешани, Велмеј, Годивје, Требеништа, вредност 5.106.000 денари,

ü уредување на просторот околу чешмата кај црквата “Св.Мартинија”, село Требеништа.

Директна финансиска поддршка во подобрување на културните содржини :
ü ја зголемивме финансиската поддршка и го враќаме сјајот на Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца”, во 2018 година 80.000 денари, а во 2019 година 200.000 директна помош,

ü културна манифестација “Ѓомлезијада”, село Годивје, износ 80.000 денари,

ü го поддржавме одржувањето на првиот Балкански детски и младински поетски камп: “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески 2019”, во организација на здружението “Мацково”, износ 30.000 денари,

ü ги реализиравме Проектот: “Археолошка топографија на старите градови и тврдини во Дебрца”, износ 100.000 денари и Проектот “Требенишко Кале”, истражувања 2019, износ 100.000 денари.

Како еколошки одговорна општина :

Градежната механизација на општината и јавното комунално претпријатие секојдневно е на терен во спроведување на активности за :

ü Стоп за дивите депонии – извршивме чистење на поголемиот дел од нелегалните депонии во општината, ја исчистивме најголемата депонија во општина Дебрца, просторот во м.в.”Царo Поле”, помеѓу патниот правец село Ново Село – село Белчишта и течението на реката Сатеска, кај село Ново Село. Простор на околу 8 хектари, со години деградиран со најразличен вид на отпад ( комунален, инертен и градежен шут ),

ü Континуирано се чистат речни корита, одводни канали, пристапни и полски патишта, простори кај верски објекти и друго.

Проекти кои се започнати или за кои се обезбедени финансиски средства
Сакам да потенцирам неколку проекти кои се започнати или набргу ќе започнат и за кои се обезбедени финансиски средства за нивна реализација :

ü Изградба на секундарна фекална канализација за село Волино, вредност 20.091.646 денари, од кои 16.959.017 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година, Мерка 321-Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини, а 3.052.623 денари ќе се обезбедат од Буџетот на општина Дебрца,

ü Реконструкција на патниот правец за село Арбиново, во должина од 1.177 метри ( за 1.047 метри средствата се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а за 130 метри од Буџетот на општина Дебрца, од каде ќе се плати и износот на ДДВ-то );

ü Доизградба на патниот правец село Волино ( општина Дебрца ) – село Мороишта ( општина Струга ), во должина од 1543 метри ( средствата се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ),

ü Изградба на резервоар за водоснабдување на село Издеглавје, средствата во износ од околу 3.000.000 денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски и дел од буџетот на општината,

ü Уредување на патека и поставување на летниковци на Слатинско Езеро ( Центар за развој на Југозападен плански регион, вредност околу 1.200.000 денари, грант од Швајцарска агенција за развој и соработка ),

ü Тампонирање на полски пат село Оровник – м.в. “Рибница”, вредност 1.000.000 денари, средствата се обезбедени од Програмата за рурален развој,

ü Проектот “Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област / Македонија-Грција”, Conse- pp , вредност 219.555,79 ЕУР, во чии рамки ќе се изврши реконструкција на објект во село Белчишта и негова адаптација во изложбен објект / музеј за флората на Белчишкото Блато,

ü Проектот „Нови можности за безбедни зимски авантури“, Програма на ЕУ за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија и во чии рамки ќе се изврши реконструкција на старата училишна зграда во село Брежани и нејзина адаптација во Планинарски Дом, опремен со 25 легла, за што се планирани 85.000 евра, поставување на пропусти за зафаќање на атмосферските води на патот село Брежани-Илинска Планина, набавка на возило, со потребната опрема за спасување во планина и други активности,

ü “Е-совет на општина”, грант од 336.320 денари, во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП).

Почитувани, на истекот од мојата втора година како градоначалник на Општина Дебрца би сакал да им се заблагодарам и на советниците во Советот на Општина Дебрца и општинската администрација, без чија поддршка сите овие реализрани проекти немаше да бидат можни, како и на месните заедници, граѓанскиот сектор, спортските клубови и на сите граѓани, кои секојдневно се тука како наш партнер во идентификувањето на приоритетите на општината, се со цел, Буџетот да биде скроен по мерка на оние за кои е наменет- жителите на Општина Дебрца.

- Реклами -