2.9 C
Ohrid
четврток, декември 26, 2024
ПочетнаЗабаваБев на викенд со поранешниот и имав неверојатен секс со него, мажот...

Бев на викенд со поранешниот и имав неверојатен секс со него, мажот ми незнае – Исповед на мажена жена

spot_img

„Неколкупати ме изневеруваше и не бев со него откако се породив. Вели дека раѓањето на нашата ќерка го уништило моето тело. Дури и се согласивме дека не би останале заедно ако не останев бремена“, ја почнува својата исповед очајната девојка.

Советничката Деидре Сандерс често се соочува со тешки семејни проблеми и нарушени односи. Овој пат ѝ се обратила 20-годишна девојка која станала мајка пред 18 месеци.

„Растргната сум. Ја запознав својата прва љубов на 15 години. Се забавувавме години, а потоа тој запозна друга девојка и ме остави. Неколку месеци подоцна го запознав мојот сегашен партнер, па многу брзо почнавме заедно да живееме. Нашето девојче го добивме пред 18 месеци и тоа е најдобрата работа која ми се случила.“

Нејзината врска, како што вели, на почетокот била на ‘стаклени нозе’, па воопшто не му верува на партнерот.

Аферата која променила сè

Пред неколку недели излажала дека оди на викенд кај една пријателка, додека ќерка ѝ била кај баба ѝ и дедо ѝ.

„Имав неверојатен викенд со своето прво момче, имавме секс и беше неверојатно. Беше прекрасен и внимателен, па сфатив дека моите чувства кон него никогаш не престанале. Ми рече дека знае дека врската со мене ја вклучува и мојата ќерка и дека разбира дека ми треба време“, раскажала таа.

Сепак, се плаши дека раскинувањето со таткото на детето може да му наштети на малото девојче.

Деидре ѝ рекла дека на детето првично му е потребно дом полн со љубов.

„Можеш да си добар родител и ако си разведен, доколку двајцата родители активно учествуваат во животот на детето. Немој да дозволиш оваа ситуација да трае предолго. Подобро е да раскинете и заеднички да продолжите да се грижите за детето. Твојот сегашен партнер и понатаму ќе биде татко на твоето дете“, заклучила Деидре и наведува дека треба задолжително да биде малку слободна и да одвои време за себе, пред да влезе во нова врска, особено со човек кој веќе ја изневерил.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков ги израдува дечињата со новогодишни пакетчиња.

Во духот на дарувањето и со цел да споделиме празнична радост и внимание, денеска поделивме новогодишни пакетчиња на најмладите. Ги посетивме Инклузивната игротека „Радост“; здружението...

Беровчанец подарува месо и лекови за сите што неможат да си купат за празниците.

Неверојатно хуман гест за празниците прави беровчанецот Звонко Цонкински. Тој за сите што неможат да си го дозволат обезбедува месо од неговата фарма, тој...

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Македонија Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој Автор: Деск 4NEWS.MK 26/12/2024 13:07 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски...

Два пати силно заѕвони ѕвоното на Детска онкологија: Вукашин и Ана се нашите суперхерои

На Детската клиника за Онкологија два пати најсилно завони ѕвоното кое обележува крај на лекувањето од најлошата болест. Вукашин и Ана се нашите суперхерои...