24 C
Ohrid
среда, јули 16, 2025
ПочетнаАвстралијаМелбурн -Роднините се простија од Линдита и Ветон

Мелбурн -Роднините се простија од Линдита и Ветон

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Преубава млада брачна двојка, Линдита(25) и Ветон Мусаи(29), беше убиена на новогодишната ноќ додека тие со своето семејство прославувале во својот дом.

<

,,Ангелската двојка од Мелбурн“, како што ги нарекува Д Сан, биле застрелани од разбеснетиот татко на Линдита со кого имале нарушени семејни односи, поради што и не бил поканет на нивната свадба, која се одржала во еден од најлускузните хотели во Мелбурн, една година пред трагичниот настан.Тој ги убил од заседа.

Последното збогување со Ветон и Линдита Мусаи, кои беа убиени од таткото на Линдита, Осман Шаптафај, вечерта на 31 декември, беше пред два дена во Мелбурн.Линдита го загубила животот веднаш, додека Ветон починал во болница.

Многубројни пријатели на семејството, со солзи се збогувале со младата двојка која пред неколку дена ја прославила годишнината од свадбата и изгледале толку среќни.

Според австралиските медиуми, врз основа на сведочења од роднините на семејството, Линдита Мусаи по бракот се обидела да започне нов живот далеку од нејзиниот татко, но тој не прифатил таков факт и се спротивставил на напуштање на нејзиниот дом извршувајќи го на крај злосторството без преседан.

Ветон Мусаи бил син на водачот на албанската заедница во оваа земја, Алил Мусаи, кој пристигнал таму од Македонија во осумдесеттите, и им помогнал на многу други Албанци кои подоцна пристигнале во Австралија.

Република

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсена докторка во Македонија за примање поткуп !!!

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Јавно обвинителство Битола, попладнево ја лишија од слобода И.Д.(67) од Битола, вработена во...

Сообраќајка кај Битола: Автомобил удри во комбајн

Попладнево се случила сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп кај клучката с. Тополчани. Според информациите, се судриле автомобил и комбајн. Засега нема информации за повредени.

Полицаец им продавал дрога на затворениците во Идризово.

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...

Биди и ти полицаец: Оглас за нови 150 полицајци.

Јавен оглас за прием на 150 нови полициски службеници БИДИ ПОЛИЦАЕЦ - Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек, биди и...