28.9 C
Ohrid
четврток, јули 17, 2025
ПочетнаИсторијаКрвавиот Коледе од 1945-та: По наредба од Тито, а по список од...

Крвавиот Коледе од 1945-та: По наредба од Тито, а по список од Колишевски масовно се убиени над 1.200 Македонци!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Славиме Коледе, а никој досега не спомнал за крвавиот Коледе во 1945 година каде по наредба на ЈОСИП БРОЗ ТИТО масовно се убиени над 1.200 Македонци!

<

 

Вечна слава, јас не заборавам, а не забораваат и многу други!!!

 

7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Македонија се убиени без суд и пресуда 1200 луѓе. На 26 декември 1944 година, неколку дена пред Божиќ 1945 година во касарните во Скопје и Штип се побуниле неколку илјади војници и над 100 офицери. Тие не биле согласни со дојдената заповед од Белград да заминат на фронт во заштита на Србија. Ја изјасниле својата желба војската да се насочи кон Солун, за да се ослободат сонародниците од Егејска Македонија. Пратениците на Тито, Светомир Вукманович – Темпо, Лазар Колишевски и ген. Михајло Апостолски одлучуваат, дека сега е моментот за пресметка со приврзаниците на “бугарскиот окупатор”. Тие ги собираат околу себе српските офицери и им кажуваат дека побунениците се некакви “бугараши”, “Ванчомихајловисти”, “ВМРО-вци” и “фашисти”. Ген. Апостолски ги примамува на побунетите офицери во Офицерскиот клуб во Скопје “за да разговараат за ова прашање”. Таму веднаш ги разоружуваат, уапсуваат и ги затвораат во занданите на старата турска тврдина Кале. По кратко испрашување, водено лично од Темпо само за неколку часа се стрелани над 70 офицери. Пред испрашувањето Темпо на секој му велел: “Хочеш Солун, еве ти га…”.

Војниците кои веќе се прибрале во касарните почувствувале дека со нивните офицери нешто се случува и околу 1.000 од нив повторно се насочуваат кон центарот на Скопје. Таму се пресретнати од добро забарикадирани српски партизани, кои започнуваат против нив безмилосна автоматска стрелба. Убиените на плоштадот се околу 100, над 900 се уапсени и затворени во Скопско кале. Таму се чуваат повеќе од еден месец без леб, вода и ќебиња. Речиси сите умираат од глад и студ. На 6ти спрема 7ми јануари 1945 година започнало масовно истребување на градоначалници, свештеници, учители, обични селани низ цела Македонија. Тие биле нарекувани “бугараши” и “помагачи на бугарскиот фашистички окупатор”, без суд и пресуда. Се употребувал штотуку изгласан закон за “Заштита на македонската чест”.

 

Пишува: Јане Киров за Дудинка

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Левица поднесе Предлог-закон за заштита на името ВМРО

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на својата фејсбук страница објави дека пратеничката група на Левица во Собранието официјално поднела нов Предлог-закон за...

Фирма со 5 вработени за 163.000 евра ќе гради тротоари и улици во Делчево

Фирма со 5 вработени за 163.000 евра ќе гради тротоари и улици во Делчево . Фирмата „Атеа Фемили“ ДООЕЛ од Делчево, со само пет вработени, добила...

Продадени два стана од одземениот имот на Никола Груевски

Продаден е дел од одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој беше ставен на продажба како дел од извршната постапка во случајот „Плацеви...

Разрешениот судија поради криминал се врати во МВР.

Лазар Нанев, поранешниот судија од Кавадарци кој беше разрешен од функцијата во октомври 2024 година поради 95 телефонски разговори со обвинет во предмет што...