23.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 23, 2025
ПочетнаИсторијаКај Требеништа откриен средновековен град, се насетува и името – Дебрец бил...

Кај Требеништа откриен средновековен град, се насетува и името – Дебрец бил значаен колку Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Археолошкиот локалитет беше истражуван годинава со методот на рекогносцирање од страна на стручен тим од филозофскиот факултет во Скопје, со финансиска поддршка на општина Дебрца. Беа истражувани одбранбените ѕидови на древниот град, површините од ѕидовите, како и надвор од ѕидовите по околните падини.  По истражувањата беа добиени доволно резултати преку кои може да се согледа егзистенцијалниот континуитет на градот, неговата максимална површина во раната и доцната антика.

<

Според градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески со овој локалитет Дебрца ќе се промовира во една високо рангирана природна културна и археолошка туристичка дестинација.

„Сето ова што го правиме е во рамките на нашата заложба Дебрца навистина да ја промовираме во една високо рангирана природна културна и археолошка туристичка дестинација и токму затоа во наредниот период ќе продолжиме со тие активности, се ова што досега беше истражувано од страна на истражувачкиот тим предводен од раководителот на тимот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс. Наша заложба е, со оглед на тоа што најзначајниот локалитет кој што го има Дебрца тоа е Требенишкото Кале и Требенишката Некропола да го преуредиме, да го преуредиме и задружниот дом во Требеништа и да претвориме во своевиден Дом на археолошкото наследство на општина Дебрца, на тоа не обврзуваат и „100-те години Требеништа“.“ – вели Ногачески.

Раководителот на истражувачкиот тим, професорот Виктор Лилчиќ Адамсен рече дека е цврсто убеден, дека со овие истражувања на Требенишкото кале се насетува името на средновековниот град Дебрец.

„Оваа општина под водство на градоначалникот, покажа навистина една зрелост, еден огромен интерес со реализацијата на овие две фази ги опфативме цивилизациските локалитети, 10 локалитети во 2018 година во Дебрца, северо-источниот дел од Десаретија,  така што оваа 2019 година се концентриравме на најглавниот, сфативме дека Требенишкото кале претставувало град, очекувавме да откриеме рана антика, меѓутоа оваа година неочекувано откривме еден поголем временски континуитет на локалитетот, каде живеела една силна, јака, компактна човечка заедница. Со овие наоди, засега јас сум цврсто убеден дека го насетуваме името на средновековниот град, а тоа би бил градот Дебрец. Тоа е град по кој нашите колеги долги години трагаа. Тоа е едно огромно изненадување. Ние се надеваме дека ќе успееме во наредните години да го отвориме црковниот храм и да го прошириме истражувањето можеби и на некрополата, да собереме уште повеќе податоци за да ја потврдиме оваа хипотеза што денес ја лансираме. Дебрца лежи врз древна цивилизација, тоа е нешто што мораме да го откриеме и заштитиме и да го потпреме развојот на оваа општина, тие предмети да бидат депонирани во еден локален музеј, каде би се вработиле луѓе од тука, на крајот важен е профитот од тоа и општината да заработува.“ – изјави проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамсен.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Ацо Костов вели дека ваквите знајачни локалитети треба да го добијат вистинското место во регионот.

„Ние како Управа, нашите професори и останатите Заводи за заштита, ќе пробаме со поинаква стратегија и тактика, да допринесеме, да ги подигнеме стандардите, да го подигнеме нивото на работа, овие локалитети кои што се значајни да го добијат вистинското место во регионот. Конкретно, приоритет ќе биде новиот нацрт-закон за заштита на културното наследство. Во тој закон веројатно ќе бидат видоизменети начините како ќе биде финансирањето. Инсистираме на подолготрајно финансирање, да не зависи од моменталните политички ситуации во државата туку тоа да биде трајно финансирање до неговото завршување или секојдневно менаџирање, да не се случува да биде оставено без никаков надзор и контрола. Тука се подразбира и поинакви принципи на однесување и во конзерваторските центри и на луѓето кои ќе треба да ги прифатат таквите принципи.“ – изјави Костов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повеќе нема „Северна Македонија”, Кошаркарската федерација го враќа старото име

Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија одржа состанок на кој беа донесени неколку важни одлуки, а воедно е решено зборот „северна“ да се...

Патот Врбјани Охрид со пресек кај Ботун ќе биде пуштен или 11 или 12 Јули.

Овие геоистраги се при крај, околу 40 отсто се веќе завршени. Врз основа на нив проектантите проектираат модели и типови на заштита на тие...

Храбриот Марко заѕвони на победничкото ѕвонче во детската клиника – болеста е поразена!

Уште една убава и емотивна вест одекна од Клиниката за детски болести во Скопје. Малиот Марко успеа да ја победи тешката болест. Тој храбро заѕвони...

Прилепчанецот Ѓорги сам собираше пари за да стигне до Њујорк – се врати со злато !!!

ПРВО МЕСТО ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ГЕОРГИ НИКОЛОСКИ НА ПРЕСТИЖНАТА ОЛИМПИЈАДА ВО ЊУЈОРК НО ЗА ДА СТИГНЕ ТАМУ – САМ СОБИРАЛ ПАРИ! Георги Николоски, ученик во трета...