20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаИсторијаДенеска се одбележуваат 148 години од раѓањето на Гоце Делчев Македонскиот револуционер

Денеска се одбележуваат 148 години од раѓањето на Гоце Делчев Македонскиот револуционер

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонците во татковината и во светот одбележуваат 148 години од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење во дваесеттиот век Гоце Делчев. Идеологот на македонската револуционерна борба е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, Егејскиот дел на Македонија, во семејството на Султана и Никола Делчеви. Визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

<

Гоцевата визија за светот како поле за културен натпревар меѓу народите не е само негова лична импресија, туку експресија на генетскиот код на Македонската цивилизација како цивилизација на мирот и љубовта наспроти омразата и војната, на толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата, на културниот глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси јазици религии и култури наспроти корпотативниот глобализам кој врз профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси јазици религии и култури се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка.

Гоце Делчев учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското востание. Тој бил против прераното започнување на востанието и заедно со својата чета ја обиколувал Македонија за да ја согледа состојбата. Вечна му слава и памјат. Амин

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...