34.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаАвстралијаМакедониците низ светотНеготинка од Милано -Македонци, добро направивте што веднаш ги затворивте училиштата

Неготинка од Милано -Македонци, добро направивте што веднаш ги затворивте училиштата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонци, добро направивте што веднаш ги затворивте училиштата за да не се шири коронавирусот, порача неготинката Соња Делова која живее близу Милано.
Таа ги поддржува своите сонародници во татковината да издржат во овој период на изолација.
– Не излегувајте од дома без потреба, одбегнувајте контакти што е можно повеќе, ситуацијата е многу сериозна и вирусот многу брзо се шири. Тука од почеток не беше земена како многу сериозна ситуацијата, а преку ноќ се се смени, раскажува таа.
Подоцна, почнале со затворање на училишта, градинки, факултети. Сега се било затворено, освен супермаркети и аптеки.
– Забрането е и излегување надвор без неопходна причина и без оправдување. Доколку одиме во продавница или на доктор, мораме да имаме оправдување во случај на контроли од страна на полицијата, открива Делова.
Потсетува дека во Италија има многу заразени, многу жртви, но и многу оздравени.
– Како и да е, вирусот се шири постојано. Затоа најдобро е да се почитуваат превентивните мерки. Тука на почеток не ги почитуваа правилата, па наеднаш ситуацијата отиде на полошо. Затоа апелирам, од искуство, седете си дома. Не се собирајте на кафиња, како што имаат обичај многу од моите сонародници. Издржете, ќе помине. За жал, не е одмор овој период, ама можете да го искористите за да се одморите дома. Внимавајте исто и на најризичните категории, над 65-70 години, помагајте колку можете, апелира таа.
Делова, која во земјава дипломираше италијански јазик, кажа дека таму работи од дома. Кој може, во услови на вирус, работи од дома. Кој не, мора да оди на работа.
– Остануваат правилата. Еден метар минимум растојание од човек, маски, ракавици. И стандардните препораки од медицинските лица – често миење раце со сапун, кашлање и кивање во лакт или марамче за една употреба. Се за заштита, вели таа.
Со семејството живее токму во зафатениот регион од вирусот, во Бресциа, Ломбардија, Северна Италија. На сто километри од Милано, на 40 километри од Бергамо.
И за крај, таа вели дека и во нејзината татковина, како во Италија, ако е неопходно, треба да се воведат и подрастични мерки, како затворање на продавници.
Во изјава за МИА, таа додава дека новина било и тоа што фармацевтски компании бесплатно доставувале лекови на најсериозни случаи, за кои мислат дека ќе има ефект. Испитувале, за да видат дали ќе функционира во целост.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...