13 C
Ohrid
понеделник, септември 28, 2020
Почетна Македонија Дебарца Исповед на градоначалникот Ногачески: Како можев да не ја гушнам тетка Софче,...

Исповед на градоначалникот Ногачески: Како можев да не ја гушнам тетка Софче, зарем да ги сакаш повозрасните и да им помагаш е погрешно?

Translate (Eng):[gtranslate]

Откако градоначалникот на општина Дебрца-Охрид беше искритикуван од страна на еден веб портал, дека не се придржувал на мерките за заштита од Ковид-19, поздравувајќи и гушкајќи се со постари лица, на кои истиот тој им носи храна во планинските села Мраморец и Тујре.

Во целост ви го прикажуваме неговиот фејзбук статус:Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

Изминативе два дена од страна на еден портал сум, ај да речам “искритикуван” дека не сум ги почитувал препораките за заштита од коронавирусот и со моето однесување сум ги “загрозил моите сограѓани од ризичните групи ( постарите ), со кои бев во контакт, итн “.
Во името на вистината, а тоа многу лесно може да провери, од моментот на појавата на пандемијата од вирусот КОВИД 19, а посебно по прогласувањето на вонредната состојба општина Дебрца има преземено сет на мерки и препораки за заштита на своите граѓани, кои овде не би сакал да ги преповторувам и за кои граѓаните се навремено информирани, а останатите можат лесно да ги видат ако ја посетат официјалната веб страница на општината.
Во текот на вчерашниот ден мобилните тимови на општината ги делеа социјалните пакети кои ги донираше нашиот иселеник Александар Голабоски.
Во планинските села во Горна Дебрца, Мраморец и Турје лично јас отидов да ги поделам донациите.
И не случајно. Сакав да ги посетам двете жителки во Мраморец , тетка Софче и тетка Благица ( со која телефонски разговарав претходниот ден ) и Митре, со неговата бабичка во Турје, луѓе, кои изминативе две години редовно ги посетувам.
Средбата во Мраморец, особено со тетка Софче неможеше, а да не биде емотивна и блиска, како и секогаш, гушнувањето беше неизбежно.
И токму од тие причини, во мојот статус, во П.С. сам напишав дека “неизбежно беше да ја прекршам препораката за социјална дистанца”.
Во Турје, покрај Митрета затекнав уште десетина луѓе кои се во доброволна (само ) изолација, во оваа природна убавина. Дел од нив беа собрани на кафе муабет и неизбежно беше десетминутната средба со нив. Тоа се луѓе, кои живеат сами, без контакти со други лица.
И со што ја загрозив нивната безбедност !? Со разговорот што го имав со нив.
Прво- досега не сум заразен ( фала на Господа ), второ- не живеам во ризично подрачје , во општина Дебрца досега нема регистрирано ниту еден заболен ( фала на Господа ), трето – не сум дошол од ризична земја, не сум во државен карантин, не сум во задолжителна самоизолација.
Да, заштитна маска и ракавици не носам .Како здраво лице во однос на неносењето на заштитна маска и ракавици ја почитувам препораката на еминентни лекарски имиња. Дотолку повеќе, што бев сигурен дека и моите домаќини не се заразени.
Дај олабавете малку. Во ова време-невреме не пишувајте само црни сценарија, не создавајте дополнителни психози, таму каде што не треба.
Да, ситуацијата е сложена, но дајте малку повеќе ведрина и оптимизам.И онака на граѓаните им е тешко.
Да ги охрабруваме луѓето, да им влееме малку повеќе оптимизам, љубов и поддршка.
Таму, каде што состојбата дозволува, тоа може да се направи и со понепосреден контакт.
Ова ќе помине. Пак ќе му се радуваме на животот.
Верувајте !Изминативе два дена од страна на еден портал сум, ај да речам “искритикуван” дека не сум ги почитувал препораките за заштита од коронавирусот и со моето однесување сум ги “загрозил моите сограѓани од ризичните групи ( постарите ), со кои бев во контакт, итн “.
Во името на вистината, а тоа многу лесно може да провери, од моментот на појавата на пандемијата од вирусот КОВИД 19, а посебно по прогласувањето на вонредната состојба општина Дебрца има преземено сет на мерки и препораки за заштита на своите граѓани, кои овде не би сакал да ги преповторувам и за кои граѓаните се навремено информирани, а останатите можат лесно да ги видат ако ја посетат официјалната веб страница на општината.
Во текот на вчерашниот ден мобилните тимови на општината ги делеа социјалните пакети кои ги донираше нашиот иселеник Александар Голабоски.
Во планинските села во Горна Дебрца, Мраморец и Турје лично јас отидов да ги поделам донациите.
И не случајно. Сакав да ги посетам двете жителки во Мраморец , тетка Софче и тетка Благица ( со која телефонски разговарав претходниот ден ) и Митре, со неговата бабичка во Турје, луѓе, кои изминативе две години редовно ги посетувам.
Средбата во Мраморец, особено со тетка Софче неможеше, а да не биде емотивна и блиска, како и секогаш, гушнувањето беше неизбежно.
И токму од тие причини, во мојот статус, во П.С. сам напишав дека “неизбежно беше да ја прекршам препораката за социјална дистанца”.
Во Турје, покрај Митрета затекнав уште десетина луѓе кои се во доброволна (само ) изолација, во оваа природна убавина. Дел од нив беа собрани на кафе муабет и неизбежно беше десетминутната средба со нив. Тоа се луѓе, кои живеат сами, без контакти со други лица.
И со што ја загрозив нивната безбедност !? Со разговорот што го имав со нив.
Прво- досега не сум заразен ( фала на Господа ), второ- не живеам во ризично подрачје , во општина Дебрца досега нема регистрирано ниту еден заболен ( фала на Господа ), трето – не сум дошол од ризична земја, не сум во државен карантин, не сум во задолжителна самоизолација.
Да, заштитна маска и ракавици не носам .Како здраво лице во однос на неносењето на заштитна маска и ракавици ја почитувам препораката на еминентни лекарски имиња. Дотолку повеќе, што бев сигурен дека и моите домаќини не се заразени.
Дај олабавете малку. Во ова време-невреме не пишувајте само црни сценарија, не создавајте дополнителни психози, таму каде што не треба.
Да, ситуацијата е сложена, но дајте малку повеќе ведрина и оптимизам.И онака на граѓаните им е тешко.
Да ги охрабруваме луѓето, да им влееме малку повеќе оптимизам, љубов и поддршка.
Таму, каде што состојбата дозволува, тоа може да се направи и со понепосреден контакт.
Ова ќе помине. Пак ќе му се радуваме на животот.
Верувајте !

РЕКЛАМА
- Реклами -