22.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаАвстралијаПочитувани верници на Македонската Православна Црква тука на Австралискиот Континент.

Почитувани верници на Македонската Православна Црква тука на Австралискиот Континент.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во пресрет на Воскресението Христово, празникот познат како Велигден, Празникот на сите Празници, иако оваа година минувајќи низ многу мачни услови, сепак сакаме да Ви ги честитаме велигденските празнувања и да Ви посакаме крепко и добро здравје на сите верни чеда, и мир и благосостојба во домовите. Се наоѓаме во Страдалната или Страсната Недела, соживуваме со Христовите страдања и низ деновите кои претстојат ќе стоиме и ќе бидеме со нашиот Бог Христос, кој заради наше спасение ќе претрпи страдање, измачување, плукање и смрт на Крст. Страдањата Христови треба да се поттик за секој од нас, и на личен план да ги доживува овие страдања како свои страдања, за она што следува да дојде во тоа и ние да можеме да се вклучиме и да ја вкусиме радоста на Воскресението Христово, кое ќе го објавиме точно во Недела на Велигден. Нашето учество во Христовите страдања го усогласуваме преку усрдната молитва во овој период, строгиот пост, учеството во Богослуженијата и Причестувањето со Светите Христови Тајни.

<

 

За жал, поради рестрикциите за кои сите сме свесни, а се предизвикани од опасноста од Корона вирусот, оваа година нема да може да го практикуваме непречено нашиот црковен живот. Нема да може да бидеме во Храмот на Богослужение и нема да може да се соединиме со Христа преку причестувањето со Неговото Пречисто Тело и Крв на светата Литургија. Овој Велигден, за жал нема да биде како секој друг Велигден на кој се сеќаваме. Но, она што може сепак да го практикуваме е, молитвата во нашите домови, постот со кој барем малку ќе се уподобиме и вклучиме и сострадуваме заедно со Христа. Иако свесни дека преносите во живо на Социјалните мрежи, не се адекватна замена за нашето физичко и духовно присуство во Храмот сепак, во крајна нужда ова е најмногу што може да се направи за да се утешат луѓето кои не можат да присуствуваат на Богослуженијата.

Се молиме Благиот Бог, да ни дојде побрзо во помош, да се избавиме што поскоро од овие искушенија и, мирот кој ќе го доживееме преку Воскресението Христово да всели и во нас Мир кој ќе го победи сето зло во овој свет. Од мое лично име и од име на целата црковна заедница Света Петка во Рокдајл, им ги честитам Велигденските Празници на сите Верни Чеда на нашата Македонска Православна Црква, со желби за Мир, Љубов и Воскресенска радост и благодат во секој дом, и што поскоро надминување на оваа состојба и враќање на нормалното и секојдневно живеење.

 

Сите Богослужби во нашата Црква Света Петка во Рокдајл верниците може да ги следат на нашиот Јутуб канал: Saint Petka Macedonian Orthodox Church – Rockdale, или на нашата Фејсбук фан страна:  Saint Petka Macedonian Orthodox Church – Rockdale.

 

Отец Владо Недески МПЦ Света Петка -Рокдајле, Сиднеј Австралија

https://www.youtube.com/results?search_query=saint+petka+rockdale

https://www.facebook.com/mpc.st.petka.rockdale/

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...