-2 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаГолеми пропусти се случувале за време на тестирањето во Куманово.

Големи пропусти се случувале за време на тестирањето во Куманово.

spot_img

Серија пропусти во масовното скрининг тестирање за членови на кумановскиот кризен штаб, стои во наодот на Државниот санитарно-здравствен инспекторат кој денеска го презентираше директорката на инспекторатот Бухова. Таа вели дека првото тестирање на 12-ти април било изведено во зградата на општината како скрининг без дозвола од министерот за здравство како што стои во законот. Вината лежи во епидемиолошката служба во Куманово, твдри Бухова.

Нова бура со кумановскиот градоначалник предизвика неговото јавно обраќање дека сам во Скопје бил со амбулатно возило и се тестирал, а тестовите се покажале негативни. Бухова тврди дека и во надозр на таа кумановска операција се најдени многу пропусти, лошо заведено патување на итната помош, излегување од изолација без дозвола од матичен лекар кому пациентите не му се пожалиле дека се влошува состојбата, итен упат за инфективна клиника во Скопје, а градоначалникот Максим Димитриевски и регионалниот шеф на ЦУК Горан Стојановски воопшто не отишле таму туку биле во три лаборатории во Скопје да се тестираат. За двајцата пациенти бидејќи излегле без дозвола законот за заштита на населението од заразни болести предвидува казна од 300 до 600-тини евра.

Од инспекторатот за разлика од градоначалникот на Куманово тврдат дека неговите нови резултати од приватните тестирања покажуваат антитела.

Никој од надлежните, ниту инспекторатот ниту министерот Филипче кој е во самоизолација не одговорија зошто владиниот тим отиде во Куманово без да знае дека се чекаат резултати од тестирање на кризниот штаб и дали има прекршување на безбедносните протоколи за заштита на премиерот на државата.

Миомир Серафиновиќ Телма.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...