Грчки хирург на Фејсбук цинично им честиташе на своите колеги за извршената трансплатација на срце, но посочи дека тоа се случило во Северна Македонија, додека пак во Македонија (Тесалоники) првата странсплатација на срце била изведена одамна, пред многу години.
Коментарот доаѓа откако еден од членовите на македонскиот тим за Др. Јовев објави дека се работи за прв ваков зафат во Македонија.
„Честитки!! ….мислите во Северна Македонија- Скопје. Бидејќи во Македонија (Тесалоники) првата трансплатација ја извршивме одамна, пред многу години“ напиша грчкиот хирург.