9.7 C
Ohrid
петок, октомври 30, 2020
Почетна Историја Цивилизациски придонес на Александар Македонски !!

Цивилизациски придонес на Александар Македонски !!

Translate (Eng):[gtranslate]

Со Александровиот поход и освојувањата, дошло до големи промени во историјата на човештвото. Во светот и кај нас постојат голем број библиографии кои ја анализираат и вреднуваат улогата на Александар Македонски и Македнија во цивилизацијата на 6 век п.н.е. и подоцнешните векови во историјата.

Во воена смисла, се истакнува дека Александар како војсководец бил таков гениј како никој друг во историјата. Се изнесуваат неговите лични особини, натпросечна интелигенција, големо другарство, храброст, дисциплина и др. За способноста за пеоценка, организација, одлучување, комбинирање, тактика, стратегија, маневри, користење комбинирани дејствија, воведување на герилско војување, етапен систем, позадинско снабдување и обезбедување итн., заради заштита на својата голема империја.

Во државен поглед, се укажува на неговите доблести во законодавството и другите правни форми на управување и контрола на империјата по пат на воена и цивилна администрација. Во реализацијата на идејата за единствено царство и свет т.е. глобализација, позитивно се оценуваат неговите настојувања за создавање на мостови на соработка меѓу Европа, Азија и Африка.

РЕКЛАМА

На стопанско поле, Александар со интензивна изградба на градови и разни центри,извршил колонизација на Азија и Африка. Плутарх наведува дека имало околу 70 градови со име Александрија. Во овие градови се доселиле колонистите од Македонија, Елада и Мала Азија. Тие станале центри на власта за производство, трговија, комуникација, култура и друго.

Историографите не ја истражувале понатамошната судбина на македонските колонисти во Александровата Империја. При еден студиски престој на авторот на оваа книга, пред триесет години, на југозапад во Кина, во Хсиан, домаќините раскажуваат дека тие од традицијата знаат дека во нивните соседни провинции, на исток од Авганистан и Пакистан, живееле древни Македонци. Можеби од современите експедиции сега ќе има повеќе информации.

Преглед на некои градови основани од страна на Александар Велики: Александрија во тракиска Медика 339 година п.н.е., Александрија во Тракија на море 334 година п.н.е., Александрија во Троја 334 година п.н.е., Александрија во Карија 331 година п.н.е., Александрија на Ис 331 година п.н.е., Александрија во Египед 331 година п.н.е., Александрија во Каиро 331 година п.н.е., Александрија во Асирија 330 година п.н.е., Александрија во Партинија 330 година п.н.е., Алексанрија во Ареј 330 година п.н.е., Александрија во Ареј 330 година п.н.е., Александрија во Геодросија 330 година п.н.е., Александрија во Арахозија 330 година п.н.е, Александрија во Парамисо 329/28 година п.н.е, Александрија во Бактрија 329/28 година п.н.е., Александрија во Есхата 329/28 година п.н.е., Александрија во Мараканда 329/28 година п.н.е., Алексанрија во Окс 328 година п.н.е., Александрија во Оксијана 328 година п.н.е., Александрија во Маргијана 328 година п.н.е., Александрија во Согријана 326 година п.н.е., Александрија во Никеја на Хидаспа 326 година п.н.е., Александрија во Акесинија 326година п.н.е., Александрија на Инд 325 година п.н.е., Александрија Согдеја 325 година п.н.е., Александрија Мусиканија 325 година п.н.е., Александрија Паталеја Хајдарабад 325 година п.н.е., Александрија Порте Карачи 325 година п.н.е., Александрија Дрите, Александрија Карманија, Александрија Сусиана, Вавилонија.
Александар во Египед е таков пример.

Го наведуваме интересниот опис на класичниот римски писател Полио од првиот век п.н.е., кој го расветлува александровиот однос кон подигнување на градови. Имено кога Александар ги прашал прочуениот архитект Динократ кој е тој, го добил следниот одговор: Архитект сум, Динокрит Македонец и ти ги носам плановите и нацртите достојни на вашата слава. Кога Александар ги погледнал рекол: Сакам ти да останеш покрај мене затоа што ќе се послужам со твојата работа. Оттогаш Динокрит не го оставил царот, туку го следел во Египед.

Кога Александар го видел од природата сигурното пристаниште, прекрасно пристаниште, житородни полиња низ Египет и благодетите на големиот Нил, му заповедал на Динокрит да основа град со негово име Александрија.
Реалноста на кралското планирање се согледува и во тоа што Александрија дури во римскиот период останала светски центар на стопанисувањето и културата меѓу Гибралтар и Индија, Црно Море и Етиопија. Монументалниот прекрасен Александриски светилник секогаш бил доказ за таа величина.

Тој е наречен седмо светско чудо кое го граделе владетелите од македонската египетска династија на Птоломеј, во трети век п.н.е. Тој бил сместен во Александрија на островот Фар. Бил светилник прататко на сите светилници висок 110 метри. Имал еден вид на лифт за доставување на гориво до неговиот врв. Неговиот пламен можел да се види и од 60 километри оддалеченост.

За жал светилникот е срушен од земјотресот во 1307 година, по 1600 години опстанок и функција.
Александровиот музеј и библиотека биле Александрова идеја за култивизирање на нуката. За време на Птоломеј изграден е величенствениот музеј, по примерот на Аристотелската школа во Македонија и Атина, во ранг на Кралска македонска академија.

Во оваа институција, на учениците и студентите, како и на истражувачите, им биле обезбедени сите средства за животот и работата на сметка на кралот. Нај угледна личност од културните кругови, библиотекар и член на музејот бил Калимах 310-235, син на Бат и Кирана, далечен потомок на Минијците од Хипербореја на Дунав. Калимах бил повикан од кралот Птоломеј Филаделф, кому му бил личен поет, да биде управник на Музејот 260-235. Тој му бил учител на Аристофан од Бизант, прочуен критичар и книжевник на Аполодот од Родоси многу други.

Калимах се смета за автор на првиот библиотекарски каталог под името Пинакес од 120 томови. Тој силно ја унапредил критиката, историјата на книжевноста, граматиката и лексикографијата. Напишал уште 800 книги во стихови и проза, од кои се сочувани околу шест химни и 63 епиграми. Опулсот на Калимах го сочувава почетокот на александровата литературна историја.

Библиотеката која е изградена околу 294 година п.н.е. во склоп на Музејот, одиграла големо значење во развојот на македонската и светската култура и цивилизација. Оваа најпозната античка библиотека имала уште во 250 година п.н.е., фонд од 500 000 ракописи, за во времето на Цезар да достигне 700 000. Со ова Александрија навистина станала најважен светски научен центар, привлечен за интелектуалците и од најдалечните земји.

Во нејзината гимназија се изучувале александовиот македонски јазик, а на тој јазик е преведен Стариот завет од јудејскиот, од страна на 70 научници за време на Птоломеј втори. Овој значаен цивилизациски превод званично има два назива и тоа александриски, бидејќи е направен во Александрија и сепутуагинти по бројот на преведувачите. Според преданиео секој од седумдесетмината требало да работи наполно независно од останатите. Сепак, на крајот, сите преводи биле идентични, што толкува со општата инспирација од Светиот дух кој се излеал врз Евреите кои ја извршиле работата.

И како што Александар тежнеел кон создавање на единствен глобален свет, исто така и во религиски поглед Македонско-египедското кралство се родила идејата за создавање единствена монотеистичка христијанска религија и нови облици на религиски свет, што е натамошен прилог на Македонците во светската цивилизација.
Во Александриската библиотека е извршен и препис на будистичките канони на кинески јазик.

Покрај тоа, таа влијаела на формирање библиотеки во будистичките дентри во Индија. Овој моќен културен центар ги привлекол најмоќните мислители на тогашниот свет, како славниот математичар и основач на геометријата, Еуклид, математичарот Архимед, географор, историчарот, филозофот и хроничарот Ератостен 285-205, астрономот Аристарх и хроничарот Ератостен 285-205, астрономот Аристарх и многу други медицинари и културни работници.

Библиотеката е запалена во 6 век наша ера од страна на арапскиот Халиф Омар, кој рекол: Она што им е потребно на луѓето да знаат, тоа е напишано во Куранот, а што не е напишано во Куранот, тоа не им е ни потребно на луѓето да го знаат. И покрај тоа многу документи биле сочувани и подоцна се препишувани. И денес по многу векови, во почетокот на овој милениум во 2002 година, завршени се работите и повторно е отворена Новата Александриска библиотека во Египет, чиј спонзор е УНЕСКО, а чинела повеќе од 200 милиони долари.Фотографија на Тина Недеска.

Зградата со 11 ката изградена е таму каде што порано била Македонската александриска библиотекаи станала симбол на целокупното светско знаење и уште еднаш го потсетила светот дека Македонците и под Птоломеите биле оние кои ги создале темелите на денешната цивилизација.

Денешната библиотека е институција на информатичка епоха со околу осум милиони книги, 300 читални и конференциски амфитеатар за 3500 учесници, ќе и служи, како и во време на Македонскиот комонвелт, на целата светска култура и наука.
На финанскиски план, Александар Велики прв во светот воведе централизацијата на финансиското работење, со база во Пела, Еквабатан, а потоа во Вавилон. Надвор од Македонија на чело на овој ресор е ставен Харпал, кој ја држел финансиската администрација, собирал данок и такси и раководел со империјалниот трезор.

Покрај тоа, воведен е монетарен систем и кралска валута од ковани златни и сребрени пари.
Паралелно со ова, создадена е и нова економска политика со развој на трговијата, копнениот, речниот и поморскиот сообраќај. Со преземените мерки ставен е крај на гусарството, кое со векови беснеело на Медитеранот, за што многу пластично сведочи Тукидид. Воден од идеите на својот голем учител Аристотел и окружуван со одлични соработници, Александар ја развил истражувачката и научната работа во природните науки. Со цел да се истражува флората и фауната, испратил големи истражувачки екипи на Кавказ, на Каспиското море, во Персискиот Залив, Црното Море, водопадите на Нил итн. Резултатите од истражувањата направиле вистинска револуција во зоологијата, фитологијата, географијата, физиката, математиката, астрономијата, метереологијата, геологијата, архитектурата, медицината, фитотерапијата и др.
На полето на културата направени се единствени чекори во религијата, филозофијата, истографијата, реториката, поезијата, музиката, сликарството, вајарството и други форми на интелектуалниот и уметничкиот живот.

Многу идеи кои ги поттикнал Александар, остварени се во текот на неговиот краток живот, или се реализирани од неговите наследници, додека другите се актуелизирани дури и од римската империја.
Почитувајќи ги неговите услуги, римјаните му ја дале почесната титула Велики Мгнус, назив што му останал се до денес. Од страна на историографите, врз основа на историскиот придонес, на Александар Македонски му е дадено првото место, а потоа се класифицирани Скипион Африкански, следи Пир Македонски итн. Кај многу народи Александар Велики станал легенда. Достојно му се оддолжил на својот народ на тој начин што големиот син на една балканска земја, на вреден и горд народ, сторил името Македонија да стане познато и почитувано од целиот свет низ сите историски периоди до денес.
Човекот е смртен, но неговото име може да стане бесмртно!

- Реклами -