12.2 C
Ohrid
четврток, мај 15, 2025
ПочетнаМакедонијаКомисијата за заразни болести-  Уште е рано  за свадби и други прослави...

Комисијата за заразни болести-  Уште е рано  за свадби и други прослави во угостителските објекти-постои ризик од корона

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Комисијата за заразни болести  смета дека е премногу рано за нивно организирање. На вчерашниот состанок иако угостителите доставиле правилници за тоа како треба да се оргнизира една прослава, од комисијата велат  дека сеуште постои ризик од ширење на вирусот.

<

Презентираниот протокол кој предвидува намален капацитет, список со присутни гости, дезинфекција, редарска служба и слично, комисијата заклучи дека не се створени услови за организирање на вакви настани со оглед на моменталната епидемиолошка сосотјба која се манифестира со зголемен број на потврдени случаи на Ковид. Кога ќе се стабилизира епидемиолошката состојба и ќе се намали бројот на заболени ќе се дозволат свадби и други свечености и ќе се организираат согласно строго пропишани протоколи, се вели во дописот од Комисијата за заразни болести.

За угостителите ваквата одлука е скандалозна со оглед на тоа што се дозволија концерти, обуки во затворен простор, јавен превоз и други работи кои се далеку понебезбедни од организирање на прослави според протколи.

Рестораните за организирани настани се соочени со превработеност, бидејќи некои од угостителите воопшто не ги отворија објектите и се уште се во неизвесност за периодот што следи. Уште од почетокот на кризата побаравме динамика на отворање, но за жал  како угостители и сите останати комплементарни дејности сме во егзистенцијална криза. Се очекува и нов бран на отпуштања, но и затворање на дејностите, особено погодени ќе бидат малите бизниси, вели Марија Синадиновска Арсовска- угостител.

Угостителите го откажаа и протестот кој требаше да се одржи денеска, за по изборите со образложение дека земјава се наоѓа во период на предизборие. Пред извесно време угостителите добија дозвола да примаат гости во внатрешните делови, но забранета е жива музика и прослави. Дозволени се и концерти со половично искористување на капацитетот, задолжителна заштитна маска, и продажба на карти онлајн

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сообраќајна незгода кај Извор-Кичево: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче

Сообраќајна незгода кај Извор: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче Денеска попладне, на регионалниот пат Кичево – Охрид, во близина на селото...

Гитаристот на ДНК, Горан Тонев: Колку што сум среќен за мојот живот, толку сум и тажен за моите пријатели !!!

Младиот гитарист на ДНК, Горан Тонев покрај Панчо и Ана е третиот член на бендот кој остана жив во пожарот кој ја зафати кочанската...

Бектеши, излезе од зад решетки и сега издржува куќен притвор

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, осомничен во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, од вчеравечер е дома. Мерката ефективен притвор му е заменета...