24.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаИсторијаВесник од Нов Зеланд на 27 мај 1903 јави дека е убиен...

Весник од Нов Зеланд на 27 мај 1903 јави дека е убиен Делчев, креаторот на македонското револуционерно движење

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Како што пишува порталот мкд.мк „Ивнинг пост”, дневен весник од Нов Зеланд, на 27 мај 1903 година од својот дописник од Цариград јави дека е убиен креаторот на Македонската револуционерна организација. „Делчев беше убиен во престрелка кај Баница. Се смета дека неговата смрт ќе го парализира револуционерното движење. Лани имаше поделба во Македонскиот комитет. Членовите на стариот комитет под водство на Сарафов беа обвинети дека работат за бугарската експанзија, а не за независноста на Македонија. Беше формиран нов комитет кој искрено се залагаше за нивната цел – независност на Македонија. Нивен водач беше Делчев”, пишува весникот.

<

И други весници од тој период, преку своите дописници од Солун, Цариград и Софија пишуваат за убиството на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Во мај 1903 година, лондонски Тајмс (The Times) пишува дека „Делчев бил вистинскиот водач на познатата организација и главен двигател на целокупното движење. Тој го организираше киднапирањето на американската мисионерка Мис Стон, веројатно за да се прибават парични средства за Организацијата… Делчев, кој беше од Кукуш и по професија учител, имаше 32 години. Иако не беше основач на Внатрешната организација, чисто македонска асоцијација, која што никогаш не работеше во хармонија со комитетите во Софија, тој практично го создаде сегашниот систем, кој се чувствува во сите краишта на земјата. Неговата смрт ќе се покаже како сериозен удар за движењето и за извесно време би можела да ги парализира неговите активности“. Прочитајте повеќе на линкот мкд.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...