15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче - Се претера со свадби и семејни собири затоа има голем...

Филипче – Се претера со свадби и семејни собири затоа има голем број заболени -МИНИСТЕРОТ НАЈАВУВА ПОЛОША СОСТОЈБА НА ЕСЕН

spot_img

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека врз основа на анализите кои ги прави Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести остануваат на истиот став како и претходно, односно дека есента што претстои е ризик и мора да внимава повеќе.

<

„Генерален заклучок е дека се влошува состојбата како што завршува летото, а замјите како Велика Британија, Холандија, Франција… се земјите кои формираат нов пакет на мерки. Ова е нешто што многу пати е најавувано и потсетуваме дека септември е месец кој ќе биде почеток на нов бран. Според анализите на Комисијата на заразни болести, заклучно со 19 септември, најголем случаи во Скопје, Куманово, Штип… И натаму најзастапена е групата над 60 години, но и групата од 30 до 39 години, што се должи на тоа дека овие категории на лица се изложени на многу контакти. Анализите на потврдени случаи на дистрибуција ни покажаа дека најчестите фактори за заразата се преку локален пренос на инфекцијата. Состојбата со болнички капацитети за сега е стабилна”, рече Филипче.

Од анализите на новозаразени, вели министерот Филипче, главна причина за зголемување на бројот на заразени се должи на непочитување на мерките, односно од опуштање на граѓаните и правењето свадби, семејни прослави.

„Зад нас е летото, а со тоа завршува и стабилниот период. Пред нас е есента, а со тоа сме соочени со голем предизвик. Ќе има нови протоколи, се со цел да нема рестриктивни мерки. Свесни сме дека ќе се соочиме со есенски бран, а сто тоа ги зголемуваме капацитетите, но системот не може без граѓаните и да не дозволиме да ни се преполнат болниците. Да ги почитуваме мерките и секој од нас мора да ја разбере опасноста од она што следи. Вирусот е опасен за секој од нас. Сите знаеме какви штети предизвикува карантинот кај нас, а тоа можеме да го спречиме само ако ги почитуваме мерките. Од нас зависи каква есен ќе имаме и како ќе го премостиме овој период”, додава Филипче.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...