9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев и Османи патуваат за Бугарија- Ќе преговараат за Гоце Делчев и...

Заев и Османи патуваат за Бугарија- Ќе преговараат за Гоце Делчев и македонскиот јазик и нација

spot_imgspot_img

– В петок одам во официјална посета на Бугарија каде средбата со мојата колешка Захариева, ќе биде првата моја билатерална официјална средба како министер за надворешни работи и очекувам да испратиме пораки на пријателство, на заемна поддршка и во насока на заедничкиот интерес за европската иднина на целиот регион. Оваа посета претставува и исполнување на првиот приоритет од мојата мандатна мисија како предводник на дипломатијата, а тоа е активен придонес во одржувањето и унапредувањето на добрососедските односи, порача Османи.

Тој изрази очекување дека на средбата ќе стане збор за сите прашања, како што рече, во поддршка на создавање услови за непречена работа на Мешовитата експертска комисија дури и во време на рестриктивните мерки на пандемијата, како и отстранување на сите пречки за засилена политичка, но и економска соработка помеѓу двете земји.

Во однос на Договорот за добрососедтво со Бугарија, Османи вели дека во него има обврски и за нас и за Бугарија.

– Главната обврска на Бугарија е членот 2 во Договорот, што предвидува дека Република Бугарија ќе ја поддржи евроатлантската интеграција на Република Македонија. И тоа сметаме дека е важен дел од обврските. И тоа досега е почитувано. И во делот на членството во НАТО и во делот на консензусот на одлуката за започнување преговори со ЕУ и очекувам истото тоа да се повтори сега со консензусот за преговарачката рамка и за започнување на меѓувладината конференција, рече шефот на дипломатијата.

Меѓутоа и нашите обврски, потсети Османи, што се дефинирани во членот 5, став 2 од Договорот, а тоа всушност се взаемни обврски, е тоа дека ќе се формираат комисии на историчари кои ќе ги разгледаат врз основа на историски факти различните интерпретации на историските настани.

– Можам да кажам дека тука и покрај различната интерпретација колку работела комисијата, фактот дека за 20 месеци имало 9 средби, во кои е постигнат значаен резултат за повеќе историски епохи не може да се занемари, меѓутоа прашање е која динамика можеме да ја наметнеме и во услови на пандемија и во услови на други ограничувачки фактори, истакна Османи.

Гоце Делчев ќе биде една од темите на разговор на средбата, која премиерот Заев ја најави со неговиот бугарскиот колега Борисов, а која треба да се реализира во Софија на почетокот на следниот месец.

– Очекуваме во периодот, не подоцна, од 10 ноември да направиме една средба. Секако, јас сакам да ја посетам Република Бугарија и да биде мојата прва официјална посета како претседател на Владата заради тоа што навистина имаме и прашања за разговори, а тоа е токму прашањето за ова следно историско поглавје, а тоа Гоце Делчев како историска личност и овој период од историјата. На 10 – 11 ноември се очекува да се одржи Берлинскиот процес каде што сме домаќини ние и Бугарија заедно, што ќе се одржи во Софија. Очекуваме овие денови да добиеме и повратна информација од Бугарија за да можеме да седнеме да поразговараме на подготовката за Берлинскиот процес, секако и за ова отворено прашање, истакна Заев кон крајот на минатиот месец на заедничката прес-конференција со новиот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...