-2 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаБојко: Греота е Македонија да не влезе во ЕУ заради Гоце Делчев,...

Бојко: Греота е Македонија да не влезе во ЕУ заради Гоце Делчев, затоа барам компромис до ноември.

spot_img

Ќе биде грев пред историјата ако Бугарија и Македонија не најдат решение – без политички игри затоа што и светот нема да не разбере. Ова е пораката од бугарскиот премиер Бојко Борисов до македонската влада.

По цел месец закани во вид на пораки, изјави и натегања за средби на политичко ниво, Борисов денеска во Софија го пречека шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и му кажа дека Македонија ја чека уште многу работа.

Борисов бара компромисно решение меѓу Скопје и Софија да има до 10 ноември, датумот кога ќе се одржи Берлински процес а на кој копретседавачи се Македонија и Бугарија.

– Вашите граѓани треба да знаат дека во Бугарија имате и сте имале најголема поддршка и дека ние само треба да ја направиме историјата мост на пријателството и блискоста, а не скршен мост на кој Република Северна Македонија не може да помине. Значи тука не треба да има политички игри. – изјави Борисов.

Остра во изјавите и шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева. На прашањето за Бугарскиот Меморандум и оспорувањето на македонскиот јазик , таа одговори дека Македонија треба да ги признае историските реалности, поврзани со процесот на создавање на новиот национален идентитет.

– Навистина сум зачудена што овој меморандум се доживува како нешто изненадувачко. Немаме ништо против македонските граѓани да се самоопределат како сакаат. Имаме договор во кој има клаузула за јазикот и сакаме така да се третира. Немаме никакви нови претензии. Апелирам и се надевам да не се создаваат проблеми таму каде што ги нема. – изјави Захариева.

Бујар Османи порача да не се загрозува сегашноста, а двете страни, македонската и бугарската да и дадат шанса на иднината.

– Правото на самопределување и самоизјаснување е современо европско право кое лежи во фуднаменталните вредности на самата унија и не може да се решава со билатерални договори ниту пак сметам дека треба да создадеме клима дека некој ни го спори тоа. – изјави Османи.

Денеска се потврди и датумот за средба на историчарите. На 15 и 16ти октомври Комисијата за историски прашања ќе седне на маса да ја продолжи работата, а веќе е јасно дека Делчев е спорната историска личност за која ниту една од двете страни засега не попушта.

Денешната Посетата на шефот на македонската дипломатија е само претходница на средбата меѓу Заев и Борисов, додека во исто време во ЕУ се водат интензивни дебати за консензус за преговарачката рамка на ЕК, за која Бугарија има доставено забелешки.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...