2.9 C
Ohrid
среда, февруари 5, 2025
ПочетнаМакедонијаКомисијата го заврши случајот со родилката од Дебар: Бубрегот и бил изваден...

Комисијата го заврши случајот со родилката од Дебар: Бубрегот и бил изваден затоа што таа имала хематом и обилно крварење…

spot_img

Седумчлената комисија што ја формираше министерот за здравство Венко Филипче, денеска завршила со стручниот надзор на струшката болница, поврзан со медицинската сестра од Дебар Јалдз Веапоска, која при пораѓање со царски рез остана без матка, бубрег и јајник. Како што дознава Слободен печат, од извори во Министерството за здравство, во извештајот што до нив го испратила стручната комисија, единствениот недостаток што бил констатиран било тоа дека во медицинската евиденција во Струга, плодот бил заведен како машко наместо како женско дете.

<

Откако комисијата извршила надзор за општата состојба и лекарскиот третман таа навела дека пациентката на 27 август и бил направен царски рез по што се породила со живо женско бебе.

,,Пациентката, ноќта се жали на болки во стомакот, повикан е анестезиолог, направена е крвна слика и дадена и е терапија. Во постоперативниот тек пацинетката е следена интезивно од страна на медицински тим гинеколози и анестезиолози во струшката болница. На првиот постоперативен ден односно на 28 август 2020 година, состојбата на пациентката е стабилна, но од крвните анализи се воочува редукција на крвната слика, а целиот лекарски тим постапува по сите протоколи и доктрини, дадена и е терапија, но анализите покажуваат пад на хемоглобин. Вториот постоперативен ден пациентката е стабилна со уредни параметри, таа била активна и подвижна, па направена и е контролна крвна слика. Третиот постоперативен ден на утринската визита пациентката е исто така во стабилна општа состојба со уредни витални параметри, уредна темература, контролната крвна слика покажува пад на хемоглобин и на еритроцити. Четвртиот постоперативен ден, пациентката била со стабилни витални параметри, уреден наод и затоа е одлучено да се испише. Пациентката била под медицински надзор, гинекоког-акушер и анестезиолог, во текот на целиот престој во болницата на ЈЗУ ОБ Струга”, навела комисијата во дописот до Министерството за здравство.

Меѓутоа, четвртиот ден кога пациентката е подготвена за испис, со препишана терапија и закажана контрола за три дена кај истата состојбата нагло се влошува се појавува тахикардија, хипотонија и клиничката слика укажува на хеморагичен шок, има состојба со изразито низок хемоглобин, што било индикација за итна интервенција.

,,Веднаш итно се реагира, поради крварење се пристапува кон отворање на абдоменот. Увидено е дека крварењето е во дел од стомакот каде се наоѓаат репродуктивните органи и бубрезите, како би се спречило крварењето се пристапува кон вадење на матката и левиот јајник. Крварењето не запира, повикан е конзилијарен хирург и е утврдено дека лево ретроперитонеално има хематом што довело до сомнение за крварење во пределот на бубрегот. За да се спречи крварењето е пристапено кон отстранување на левиот бубрег, како би се спасил животот на пациентката. Сериозноста на состојбата се гледа и по анестезиолошките листи на дадена терапија (10 единици крв и 9 свежи смрзнати плазми). Пациентката била во животозагрозувачка состојба поради обилното крвавење, а лекарите успеале да ја одржат во живот” навела стручната комисија.

Комисијата заклучила дека вакви компликации при гинеколошко акушерски операции е ретка, но сепак се случува. По завршувањето на оперативниот третман, заради нестабилност на општата состојба на пациентката и поради потреба од итна реанимација, лекарите од струшката болница ги консултирале колегите анестезиолози од КАРИЛ и одлучено е пациентката да се транспортира во Скопје. По префрлање на пациентката во КАРИЛ направена е КТ на абдомен и е поставена индикација за итна ре-реинтервенција од страна на уролозите од Клиника за Урологија по што состојбата на пациентката се стабилизира и таа е испишана во добра општа состојба.

Во врска со предлог за определување на мерки за отстранување на недостатоци, неправилности или пропусти во роковите за нивно спроведување – Комисијата не констатира недостатоци, неправилности или пропусти во здравствената установа.

 

Слободен печат

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Болката од ден за ден поголема:Фросе била прегазена заедно со нејзиното куче Аја

Македонија Солзи и болка: Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја кое било пронајдено под автомобилот на Васил Автор: Деск 4NEWS.MK 05/02/2025 09:36 Здружението за заштита на животните...

Семејни врски: Сопругот на судијката Алексовска Стојановска цели пет години работел со мајката на Васил Јованов

HomeМакедонијаВести Семејни врски: Сопругот на судијката Алексовска Стојановска цели пет години работел со мајката на Васил Јованов Матеја Петровскифевруари 4, 2025 Семејствата на сега притворениот Васил Јованов,...

Затворската полиција му пиша на Пандов: Дали знаете дека има постојани закани кон затворска полиција?

Синдикатот на затворската полиција и администрација при Независниот синдикат на државната администрација денеска упати отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции, Александар...

Таткото на Фросина: Откако ја согазил ќерка ми, Васил колата ја паркирал пред нашата зграда

Во вечерашното гостување на Телевизија Сител, таткото на трагично загинатата Фросина Кулакова, Тодор Кулаков на прашање дали 20-годишниот Васил бил на местото на несреќата,...