14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаЕстрадаКики живее во Австралија го познава цела македонска естрада а голема желба...

Кики живее во Австралија го познава цела македонска естрада а голема желба му еден ден да застане на нозе

Нема естраден уметник од Македонија што не го познава Кики , дечкото со кој сите естрадни уметници или барем  оние кои биле  на турнеја во Австралија сакаат посебна средба со него .

Љубител е на македонската песна и музика и досега ретко има пропуштено концерт на македонските естрадни уметници кои дошле на турнеа низ Австралија.

Неговите родители  од поодамна го однесле на концерт за Сузана Гавазова кога таа за првпат дошла во Австралија  и одтогаш наваму не пропуштил скоро ни еден концерт.

Правилното му е Крсте Стојаноски. Родителите му се од прилепско а тој се родил во Сиднеј.  Се родил предвремено и како новороденче тежел  само 930 грама .

Во болницата одлучиле да го стават во некоја нова машина но таа немала доволно кислород па заради тоа имал големи проблеми со подвижноста. Моментално се движи со помош на количка. Досега му направиле неколку операции .

Кики со родителите Кире и Сузе

Добар сум вели Кики не се предавам единствена желба е дедо боже да ми даде сила да застанам на нозе еден ден

 

Ја сакам македонската песна и и ги почитувам сите естрадни уметници имам многу добри спомени со сите .

За првпат отишол во Македонија и го посетил родното место на родителите во 2012 и за првпатсе сретнал  со неговите роднини. Никогаш нема да ја заборавам таа посета вели Кики . Покрај средбата со роднините се сретнав и со повеќето естрадни уметници и се дружевме и многу сум задоволен од нивното гостопримство . Им бев во посета на Сузана Гавазова , Елена Велеска, Јордан Митев , Џими и Анета од групата  Молика и многу други. Сакам пак да одам во Македонија, но со мојата состојба и ситуацијата со пандемијата немоѓам.

Со претседателот Иванов во спортскиот клуб Сиднеј Македонија

Моментално сме во рестрикции и несмееме да излеземе од дома. Иначе си одев на прошетки а најмногу во клубот на Сиднеј Македонија ,

Се надевам дека ќе заврши пандемијата и ќе се отворат државите па да може да прошетаме а и да видиме повеќе естрадни уметници и македонска песна овде во Австралија вели Кики.

 

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...