13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЦела администрација ќе вози велосипеди ако Камиказа стане градоначалник

Цела администрација ќе вози велосипеди ако Камиказа стане градоначалник

По сите анкети го победувам Шилегов во урбаните средини и она што му недостасува се младите гласови кои Левица ги поседува – независниот кандидат, поддржан од Левица, Петар Георгиевски Камиказа денес ја одржа првата средба со новинарите, со што ја официјализира својата кандидатура.

Камиказа рече дека засега ќе обзнани само дел од програмата, наменета за спорт и култура и дека дел по дел ќе објавува, за да не го копираат.

-Ништо нема да ветам што нема да исполнам. За Кејот на Вардар ќе има трета лента од пет километри, а тоалети ќе има на секои 2.5 километри. Јас со своите 61 година стојам и тврдам морално, материјално и кривично дека Универзална сала ќе ни биде еден од приоритетите. Сите заедно сакаме овој град да си ги добие вредностите. Имам уште многу што да кажам, но сега ќе се задржам само на кутурата и спортот, а понатгаму ќе се задржиме на многу поглавни проекти. Кога ќе дојдеме во Град Скопје и ќе видиме со колку буџет располагаме, тогаш до детал ќе кажеме што ќе правиме. Имам информации дека буџетот веќе е потрошен за оваа година. Како, на пример да ветиме шинобус ако нема пари?! Не сакаме да ветиме нешто што нема да можеме да го исполниме. Колку што знам 75.000 е на располагање е буџетот а дали ќе има пет или три милион, ќе знам во ноември кога ќе има предавање на фунцијата, рече Горгиевски.

Апасиев истакна дека програмата викендов ја финиширале на ниво на цела држава, а при крај била и програмата за Скопје.

„Не смееме пред кампања да изнесуваме детали, лошо ни е искуството, често ни ги препишуваат проектите. Во однос на анкетите за мое чудење сега за сега се оптимистички и Перо Камиказа влегува во втор круг, а потоа ќе видиме што ќе правиме“ рече Апасиев.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...