13.9 C
Ohrid
сабота, март 15, 2025
ПочетнаМакедонијаФормиран тим кој ќе работи на укинување на визите за Македонците за...

Формиран тим кој ќе работи на укинување на визите за Македонците за влез во САД

spot_img

Министерот за надворешни работи, БујарОсмани, на својот ФБ пеофил информира дека е формирана работна група која што ќе се ангажира на укинување на визи за македонскиte државјани за влез во САД.

„Формирав работна група во рамки на Министерството за надворешни работи што има за задача да работи на укинување на визи за државјани на МКД за влез во САД.

<

Процесот за укинување визи за нашите државјани за влез во САД е долгорочен и комплексен процес, но со оглед на нашите заложби за зајакнување на постоечкото сојузништво, создадени се условите да го започнеме овој процес. Најголема потврда за тоа е приклучувањето на нашата земја кон НАТО Алијансата, но и напредокот постигнат на полето на безбедноста, како надополнување на нашето стратешко партнерство со САД.

Успешното завршување на овој процес налага долгорочна и посветена работа, а постигнувањето на оваа цел ќе биде од бенефит за државјаните на двете пријателски земји. Дополнително тоа ќе создаде значителен позитивен ефект на економската соработка, демократскиот просперитет и развој, но сметаме дека и генерално ќе има позитивно влијание врз целиот Регион“, пишува на Фејсбук статус на Бујар Османи, министер за надворешни работи.

ММС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Орбан: Србија и Македонија уште утре да се примат во ЕУ, а не Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повика Србија и Македонија „уште утре“ да бидат примени во Европската унија, наспроти иницијативите на Брисел за брзо пристапување...

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје воведува хирушки методи за третман на уринарна инконтиненција

ЈЗУ У ГАК ВОВЕДУВА МИНИМАЛНО ИНВАЗИВНИ ХИРУРШКИ МЕТОДИ ЗА ТРЕТМАН НА УРИНАРНА ИНКОНТИНЕНЦИЈА На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се одржа првата...

Градоначалникот Пецаков: Општина Охрид ќе добие финансиска поддршка за изработка на техничка документација за подготовка на нови проекти

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, информира дека нашата општина ќе добие поддршка од страна на Фондот за техничка документација во износ од 3.418.650 денари,...

Притвор и за Асмир Јахоски, Кривичен суд ја преиначи одлуката

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за одредување мерка притвор од 30 дена за Асмир Јахоски, откако ја преиначи првичната мерка...