13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаСветПоранешен албански министер : “Се раѓа третата албанска држава на Балканот –...

Поранешен албански министер : “Се раѓа третата албанска држава на Балканот – во Македонија”

” Албанците имаат две држави на Балканот, а третата албанска држава штотуку се раѓа – во Македонија. На пописот Албанците веќе стасаа до бројката од 47 проценти од попишаните, а ќе ги има 54 отсто.” – овие тврдења ги изнесе Спартак Нгјела од Република Албанија, адвокат и политички аналитичар на политичките случувања на Балканот, во интервјуто што го даде за косовската телевизија АТВ. Акцентите од неговото интервју ги пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА.

ИНА пренесува: “Адвокатот од Албанија Спартак Нгјела вели дека Албанците веќе имаат две држави на Балканот, а оти третата албанска држава штотуку се раѓа – во Македонија. Во интервју за телевизијата АТВ од Приштина тој кажа дека досега попишани ги има 47 проценти Албанци и оти ќе ги има 54 отсто.”

ИНА не објави дали овој аналитичар имал на располагање свои соодветни и релевантни извори на информирање поврзани со пописот, штом веќе навел и тврдења за конкретни бројки колку се, наводно, досега Албанци меѓу попишаните граѓани во Македонија.

Нгјела се осврнал на “алијансата на Албанците со САД”, велејќи во тоа интервју: “Албанците треба да го продлабочат сојузништвото со САД, за да просперираат уште повеќе во регионот.”

Коментирајќи ги состојбите на северот на Косово каде што деновиве владее состојба на висока напнатост и се слуша ѕвечкање на оружјата на обете страни, кај Албанците и Србите, Спартак Нгјела рекол за ТВ АТВ: “Албанците да не се вознемируваат, бидејќи ја имаат Америка” – пренесе ИНА.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...