15.9 C
Ohrid
сабота, октомври 26, 2024
ПочетнаМакедонијаКондовски: Сите отворени прашања во врска со заштитата на животните во Битола...

Кондовски: Сите отворени прашања во врска со заштитата на животните во Битола ќе се решаваат во соработка со Здруженијата за заштита на животни!

Сите отворени прашања во врска со заштитата на животните во Битола ќе се решаваат во соработка со Здруженијата за заштита на животни!
Ова денеска им го порачав на битолските здруженија и фондации кои работат во оваа област. Тие најдобро ги познаваат актуелните состојби и во Битола пренесуваат светски искуства како да се подобрат условите за животните, но и како овие прашања да се решаваат во интерес на граѓаните!
На заедничка маса за овие прашања дискутиравме и со ветеринари и претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство. Отворената комуникација е основа за ефикасна соработка со правец на тоа решенијата брзо и конкретно да се спроведуваат во пракса.
Токму денеска промовиравме проект за модернизација на битолската золошка. И во тој проект ќе бидат вклучени сите сугестии на здруженијата за заштита на животните, бидејќи сакаме да обезбедиме подобри услови за животните во битолската золошка градина.
Воедно, Битола ќе добие и модерно прифатилиште за кучиња – тоа го предвидува и законот, со што ефикасно ќе се работи на решавање на проблемот со уличните кучиња.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечно ќе го паметиме по песната Дебрцо ти си борбена- На 82-годишна возраст, во Охрид почина познатиот пејач и композитор Кирил Мицковски.

На 82-годишна возраст, во Охрид почина познатиот пејач и композитор Кирил Мицковски. Важеше за посветен учител, но и риболовец и ловец. Песната го одбележа неговиот...

Кривична пријава за екс директорот на ЈП „Национални Шуми“ подружница „Галичица“ Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од селото Велмеј, општина Дебрца, и З.Ж.(59) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонскиот каратист Дејан Недев освои бронзен медал во кати на светскиот карате шампионат во Аргентина

Македонскиот каратист Дејан Недев го освои бронзениот медал во кати поединечно на ИКУ светскиот карате шампионат кој се одржува во Буенос Аирес, Аргентина. Недев во...

Денес се празнува Светата великомаченичка Злата Мегленска

Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка,...