Заради лого со сонцето укината емисија за Македонците во Австралија

Редакцијата на емисијата Македонците во Австралија во соопштение за јавноста со огорченост изјави дека менаџментот на телевизијата Канал 31 одлучиле да не ја прикажуваат емисијата на македонски јазик -Македонците во Австралија заради логото кое го содржи сонцето од Кутлеш.

На кого му смета македонското сонце и кој извршил притисок за ваквата одлука допрва ќе се дознае . Инаку емисијата се објавува повеќе од 11 години и досега на никого не му сметало

 

Интегрално ја објавуваме нивната изјава

Ова е ЛОГО на ТВ Шоуто: “Macedonians In The Aussie Land”

(Македонците во Австралија).  Во ТВ Канал 31 (Мелбурн) рекоа дека ја забрануваат емисијата зашто не дозволувале ДА СЕ ПРИКАЖУВА ова Лого во МАКЕДОНСКАТА ТВ ПРОГРАМА.

Пред некое време во еден од емаилите до Каналот 31 прашавме да ни објаснат зошто? НИКОГАШ НЕ ДОБИВМЕ ОДГОВОР НА ТОА ТОЧНО ПОСТАВЕНО ПРАШАЊЕ!

По дефиниција Лого е графички симбол.

Сите обструкции кои ТВ Каналот 31 од Мелбурн ги направи спрема нашата емисија поради Логото се тотално без основа. Логото постои повеќе од 11 години и никогаш не било проблем. Логото содржи најубави добри пораки и со најубави намери ја претставува ТВ програмата.

Мислиме дека акцијата на Управата во ТВ Каналот 31 е неодговорна зашто како изговор за прекинување на програмата го ставија токму Логото на ТВ програмата.

Очекуваме Утре Недела во 12.30  попладне да продолжат со прикажување на Емисијата. Пред неколку недели Продуцентот на емисијата официјално ја прифати понудата за да продолжи со продуцирање на програмата НО ПОКАСНО од страна на управата на Канал 31 само на нашата програма и се поставија тие патетични услови да се исфрли од емисијата Македонското Сонце или ќе ја прекинат.

Ако Утре Недела во 12.30 попладне не и дозволат на Македонската емисија да продолжи со емитување тогаш од Понеделник почнуваме со сите законски мерки против управата на Канал 31. Мислиме дека од управата на Канал 31 во Мелбурн се прекршуваат основните човекови права на Македонската Заедница во Австралија.

Тие ( ТВ Канал 31 во Мелбурн) имаат во нивните архиви стотина епизоди од програмата “Macedonians In The Aussie Land”  и можат да репризираат било која ќе сакаат, значи немаат изговор дека немаат емисии.

Напомена:

ТВ Емисијата: “Macedonians In The Aussie Land” и нејзиното Лого може да се прикажуваат НИЗ ЦЕЛ СВЕТ и НИЗ ЦЕЛА АВСТРАЛИЈА слободно, тоа значи дека само Управата на Канал 31 во Мелбурн е единствена во светот која забранува прикажување на Македонската Емисија.

ПРАШАЊЕ: ЗОШТО? Нека одговорните во ТВ Канал 31 во Мелбурн се запрашаат самите: Дали се извршители на дело на ДИСКРИМИНАЦИЈА спрема македонската заедница во Австралија? Дали се свесни дека Дискриминацијата е Кривично дело?

Македонската заедница е дел од сите етнички заедници во Австралија и живее вo мир и почитување со сите.

Накрај драги Македонци ВЕ МОЛИМЕ однесувајте се достоинствено и имајте почит спрема сите! Ние сме мирољубив народ и треба да продолжиме мирољубиво и учтиво во рамките на законот на Австралија да си ги остваруваме сите наши човекови права исто како и другите етнички заедници.

Значењето на Логото на Македонската ТВ Програма е: СИТЕ

Македонци (изразени преку Гулаб со маслиново гранче) донесуваат МИР и ЉУБОВ во Австралија. Тоа е наша особина како Македонци и такви и ќе останеме.

 

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here