1.9 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаВанковска - Нашинците во Австралија се лигловци и антисрпски настроени а Австралија...

Ванковска – Нашинците во Австралија се лигловци и антисрпски настроени а Австралија е банана држава

spot_img

Сагата со одбивањето на визата на  Новак Ѓоковиќ од страна на австралиските власти ја разбранува македонската јавност како никогаш досега како во републиката па така и во светот .

Деновиве социјалните мрежи експлодираа од коментари па и кавги околу тоа кој е во право а кој не е па сите како правни експерти ги толкуваа законите и системот на Австралија .

Да биде уште поинтересно и покомично  во жестоките дебати се вклучија и некои имиња од интелектуалната фела во Македонија.

Професорката Ванковска отиде до таму што ја нарече Австралија Банана држава  за “неправдата” што му ја направиле на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ – Ноле.

Таа последниве неколку дена се чини  со внимание ги следи настаните па не штедеше на зборови за  во незинте коментари на социјалните мрежи да ја обвини Австралија за фашизам , ксенофобија и расизам .

Западот не можеше да го победи Ѓоковиќ па имал  омраза према него дека е балканец и  затоа мораше вака да му направат.

Во коментарите на социјалните мрежи  влезе дури и во жестока расправија со македонци кои живеат во Австралија.

Таа за “нашинците во Австралија на својот профил ќе напише  Слична хистерија има и меѓу нашите – и не знаеш дали е само антисрпство во прашање , фрустрација од домашниот циркус во кој богатите се над законот , или лигавење пред западните вредности  осветка кон национализмот”

Таа пишува и дека има  многу статии и со нив набрзо ќе ни ја открие “вистинската” Австралија каде владеелe други закони од оние кои се претскажувало

Професорката за себе пишува дека имала гостувања во странство па предавања на универзитети во други држави .

Останува да се запрашаме дали навистина тенисер кој игра за друга држава беше толку голем катализатор за професорката да етикетира еден цел континент за ксенофобија и расизам а нашинците кои живеат таму како антисрпски настроени кои се лигават пред западните елити .

Среќна е Македонија со толку многу мудри професори

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...