Почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, на 85-годишна возраст.Веста за неговата смрт ја потврди неговиот син Игор Џамбазов на својот инстаграм-профил.
„Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој“, напиша Игор.
Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Тој е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.
Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, Настапувал во земјава и во странство (Раденци во Словенија итн.). Добитник е на голем број (педесетина) стручни награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.