8.6 C
Ohrid
среда, ноември 6, 2024
ПочетнаМакедонијаКолумниКолумна: м-р Слободан ТОМИЌ - ТВОЈОТ ГЛАС,  ЗА НАРОДОТ СПАС!

Колумна: м-р Слободан ТОМИЌ – ТВОЈОТ ГЛАС,  ЗА НАРОДОТ СПАС!

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ

 

Единствен спас за народот и државата, окупирани од режимот во тоталитерен мрак, страв и срам, за излез од економската и политичката криза во престојната тешка есен и зима, се итни предвремени парламентарни избори! Нели, државата е суверена, суверенитетот произлегува од граѓаните, кои власта ја остваруваат со референдум и претставници во институциите на власта: Собранието и Владата!

 

Избезумен е народот како ќе се справи со скапата струја, храна и гориво, со високата инфлација која галопира секојдневно! Македонија по Устав е социјална  држава, но најверојатно тоа, без  леб, работа и пензија, останува пуста илузија. И не заради тоа што светот е во криза, туку заради неспособната влада која само за себе гледа.

 

Само информативно, од 1991 до 2017 државата се задолжи 4 милијади евра, до денес 8,5 милијарди евра. Прашањето е, во што се инвестирани 4,5 милијарди евраза последните 5 години откога СДСМ и ДУИ се на власт? Капитални инвестиции нема! Нема автопатишта, училишта, фабрики, автопатот Кичево-Охрид 8 години е на мртва точкаа цената му расте, за неизградената пруга Скопје-Софија владата доби казнени пенали поради неизградба од надлежната банка…

 

Од друга страна имаме марионетска влада, без мандат од народот, туку со суспензија на Уставот и законите на државата Македонија, со единствена задача промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ, затоа друго и не работи, освен што краде…

 

После се’, зошто страв од предверемени парламентарни избори? Ако владата е по волја на народот, зошто страв од фрлената ракавица на опозицијата веднаш да се прифатат? Зошто страв од избори? Нели, власта не ја дава ниту Брисел, ниту НАТО, ниту Вашингтон, ниту Москва, ниту Пекинг, туку народот! Зошто власта се плаши од соочување со народот?

 

А, дури и САД, за времето на претседателот Доналд Трамп, беа за националните држави во светот, а против глобализмот: Светот не му припаѓа на глобалистите туку на националните држави, на патриотите! Е, ова е изјава за паметење, наспроти клиентализот и свитканта кичма на владата на СДСМ од Зоран Заев до Димитар Ковачевски.

 

Затоа, мој Македонецу, по род и државјанство, ти си тој кој можеш да му помогнеш на својот македонски народ по род и државјанство!

 

Во моите 42 години во медиумите, никогаш не сум ја видел татковината Македонија толку да крвари, да се девастира, да се разнебитува и да се самобрише од сопствениот корен на постоење: Се ревидира се’ од име, народ, јазик, култура, историја… А владата го залажува народот дека ништо не се случува… Иако сме жртви на велепредавство и злосторничко здружение помеѓу владата, јавното обвинителство и судиите!

 

Велат, секоја држава има мафија, за жал мафијата во Македонија си има своја држава! Затоа, излезот е итни предвремени парламентарни избори!

 

За работите да бидат поапсурдни, деновиве читаме вест “Бугарија ќе финансира проекти на бугарски организации во шест земји, меѓу кои и Македонија“, “Цар Самоил е даден за да немаме проблеми со НАТО“. Замислете, “нашите“ прифатиле “Цар Самоил е бугарски цар“ да не се попречи приемот на Македонија во НАТО?! Препораките, пак, на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија предизвикаа лавина од реакции во македонското општество и во научната фела. 

 

Нов  резил е отворената “банкарска војна“ со перење пари преку фиктивни кредити. Трифун Костовски обвини дека ликвидацијата на Еуростандард банка е “убиство со предумисла“ по налог на сивата банкарска еминенција. Тоа го потврдија и странските банкарски експерти Драго Кос и Ирена Фрачековиќ. Народната банка на Македонија ги отфрли обвинувањата на Костовски за неточни и нерелевантни, но остана да виси сомневањето дека нешто смрди во државата и власта… Најголемиот акционер на Еуростандард банка, Трифун Костовски, потврди дека без знаење на акционерите, лидер на организираната шема е Комерцијална банка…

 

“Не сум знаел, за тоа може да ме судите. Но, не сум имал намера за банкрот ниту во сон. Моја лична грешка е што повеќе верувам, сега научив дека требало да биде верувај ама и проверувај“ – изјави Костовски.

 

Всушност, тимот на странски истражители предводен од Драго Кос, претседател на ОЕЦД работната група за корупција во интернационални бизниси и поранешен претседател на ГРЕКО, посочи дека во земјава функционира систем на незаконско банкарско финансирање на фирми по избор на банкарските менаџменти, меѓусебно поврзани од 2004 година.

 

А, во Грција се’ уште Македонија е обележана со ФИРОМ и Скопје. Атина мува не ја лази, таа е дел од разнебитувањето на Македонија. Сето тоа остана дело на црпнатиот од нив од Муртино. Важно неговата династија турбо е со плантажите на марихуана, новата земјоделска гранка во Македонија, која го запусти земјоделството на раноградинарски растенија…

 

Тито не се согласува со двоецот Заев-Ковачевски и Али Ахмети, но тој е веќе во залез, никогаш повеќе да не огрее.

 

Се најавува формирање на нова политичка партија “За наша Македонија“, зад која наводно стои Бранко Црвенковски, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски , веројатно има и други кои најавуваат отпор против баграта која “живи луѓе јаде“!

 

Радува престојниот 55-ти семинар за Македонски јазик, литература и култура при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“, странските и домашните македонисти се без дилема дека македонскиот јазик нема допирна точка со бугарскиот јазик. Долгогодишниот професор по Македонски јазик во Словенија, Соња Дожан, вели дека ставовите на соседна Бугарија, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, воопшто не држат место! Според неа, бугарската политика кон македонскиот јазик е чисто политичка!

 

“Бугарите ги оценувам како многу подли. Како може некој од страна да дојде во Македонија и да каже, луѓето овде зборуваат бугарски јазик. Доволно е: Македонците зборуваат македонски јазик, мислењето на Софија е неосновано и недопуштено, нерелеватно и безобразно. Јас апсолутно ги подржувам Македонците! Го познавам и бугарскиот јазик и можам лично да тврдам, дека тоа апсолутно не е ист јазик! Се разликуваат многу: И граматички и лексички! Не знам од каде воопшто идејата, дека Македонскиот и Бугарскиот се ист јазик! Мислам апсолутно има само политика во ова“, – вели Дожан.

 

Универзитетскиот професор по македонски јазик, Максим Каранфиловски, вели дека се’ додека постојат говорители на македонски, ќе постои и македонскиот јазик. Според него, нападите од соседна Бугарија, периодично се засилуваат, секогаш кога земјава сака да направи чекор напред.

 

“Ние веќе одамна сме навикнати и отрпнати на таквите напади, тоа не е ништо ново. Тие периодично се засилуваат, секогаш кога Македонија сака да направи исчекор напред. Но, мислам, дека тоа не треба ниту да не’ плаши, ниту да не’ возбудува, затоа што ние имаме цврсти темели, имаме многувековна историја, и покрај тоа што непријателите тврдат дека ни е кратка историјата! Така да, не треба воопшто да се плашиме, да не фаќа некаков страв и паника, дека ќе се случи некакво предавство. Секако дека треба да одговараме на тие напади, да се браниме, бориме и да ја докажуваме својата вистина. Тоа е она што треба да го правиме“, – вели Каранфиловски.

 

Со него се согласува и професорката Весна Мојсова Чепишева која вели: “Можат тие да зборуваат, да не оспоруваат, но ние мора да чекориме по чекорите кои на Блаже Коневски. Јас сум македонист, јас знам од каде произлегува мојот јазик, знам кој е македонскиот јазик, знам дека тој се зборувал и векови назад. Што сакаат можат да кажат. Еве сега зборуваме на тој јазик. Дали е тој поразличен од бугарскиот? Поразличен е секако! Но, не значи дека не можеме да се разбереме. Ние се разбираме и со оние кои зборуваат на српски и на хрватски јазик!“

 

Претседателот Стево Пендаровски, пак е дециден: “Се’ додека постоиме и говориме на македонски, ниту една фуснота, негација, забелешка или што и да е, не може да ја прикрие вистината. Сите ние кои ги изговараме македонските зборови сме гарант за неговото постоење и сила. Ниту еден документ, декларација, изјава, не можат да обезбедат траење на еден јазик, ако тој не е жив, односно ако никој не го употребува. Затоа, секој во рамките на своето опкружување, својот дом, професионалната средина, на местото на разонода, културните настани, во духовните храмови, кога беседиме и размислуваме, да говориме на македонски и на тој начин да го шириме универзумот на македонскиот јазик!“

 

Македонистите порачуваат дека на земјава и’ е потребна национална стратегија за Македонскиот јазик, како и отворање на катедри по македонски јазик на што повеќе странски универзитети.

 

Да бидеме начисто, една ја имаме,  се вика Македонија, со сите нејзини од бога дадени дарови и благодети кои ја прават единствена и исконска, чиста и од бога благословена со име, идентитет, јазик,  култура, историја, археологија, географија. Секако и светите празници, 2 август 1903, 2 август 1944 , 8 септември или третиот Илинден за кои се гинело и славело и песни се испеало. И верувам дека ќе доживееме овие празници да бидат празници за сите Македонци, по род и државјанство, ќе ги слават сите независно од етничкото потекло, ќе ги слават сите независно од верското уверување – православни, католици и муслимани, верници и атеисти, затоа што сите сме дел од државата Македонија! Македонија да биде место на среќни и задоволни луѓе, Македонија да биде пристојно место за живеење, иселениците назад да се враќаат, овде да им се радуваме на децата, родот и породот, Македонија да не биде традиционална печалбарска средина од која постојано ќе се иселуваме, додека се’ не испустиме, Македонија да не биде јаболко на раздорот, туку земја на мир и љубов наспроти војна и омраза, земја на толеранција и коегзистенција наместо на дискриминација и сегрегација… А, такви можеме да бидеме, да не робуваме на “мегали“ идеите, место за сите има на Балканот, со сите разлики во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите помеѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации! Ако сите се повикуваме на исти датуми, настани и личности, тие не треба да не разединуваат, туку повеќе да не обединуваат! Не ни требат мртви херои, туку живи херои на кои сите ќе им се радуваме!

 

Конечно, ДУИ во Тетово доживеа прв пораз… Прво падна Теута Арифи покриена со криминал, сега падна и Советот. Да веруваме дека созреваат условите, после 20 години монопол во власта, ДУИ ќе оди во опозиција и историја, се создаваат нови коалиции кои ќе изнудат и предвремени парламентарни избори за смена на Владата на СДСМ-ДУИ! Време е за ПРОМЕНИ, за доброто на народот и државата, за доброто на сите!

 

Затоа, твојот глас е спасот за народот и за државата! Владата не сака, но народот повеќе не и’ верува, ниту ја прашува! Одиме на предвремени парламентарни избори!

 

 

Пишува: м-р Слободан ТОМИЌ

              новинар

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Цела Србија на нозе, Вучиќ предлага референдум- Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Кирилица“ на телевизија „Хепи“ изјави дека оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ е...

Почина 27 годишно момче при извршување градежни работи во Скопје !!!

Во СВР-Скопје било пријавено дека при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, со тешки телесни повреди се здобил Л.Ш.(27)...

Наставник со пластичен предмет нападнал ученик во училиште во Охрид

Вчера во 10:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека наставник во едно основно училиште во Охрид, со пластичен предмет нападнал ученик во училиштето. Се...

Тешка несреќа на патот Кавадарци – Росоман: Едно лице загина!

Една лице загинало, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 9 часот, на патот од Кавадарци кон Росоман,...