13.9 C
Ohrid
сабота, септември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски за ТВ Плус: Ја вративме довербата во полицијата, сѐ што работиме...

Спасовски за ТВ Плус: Ја вративме довербата во полицијата, сѐ што работиме е на увид на јавноста и граѓаните тоа го ценат

Спасовски за ТВ Плус: Ја вративме довербата во полицијата, сѐ што работиме е на увид на јавноста и граѓаните тоа го ценат

Во текот на вечерашното интервју за кумановската ТВ Плус, од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше побаран коментар за резултатите од анкетата на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), според кои граѓаните сметаат дека тој како министер најдобро ја врши својата работа, односно дека е министер со највисок рејтинг во Владата.

„Добро е кога ќе слушнете оценка за својата работа, дали е преку анкета, или од релевантни меѓународни институции. Тоа е практично резултат на целиот мој тим, не само мој личен. Точно дека раководам и менаџирам, но важно е да имате тим кој е посветен во работата, кој има визија што треба да се направи, кој секојдневно е со проблемите на граѓаните. И, важната компонента е – транспарентноста во целото работење“, одговори Спасовски.

Истакнувајќи дека анкетата од Меѓународниот Републикански Институт покажа каква е перцепција на граѓаните за неговата и за работата на МВР, министерот Спасовски рече:

„Секако тоа ми причинува задоволство, но тоа е во функција на една мотивација – што е можно повеќе да бидеме мотивирани сите ние, да ги оствариме сите зацртани цели, да ги подобриме состојбите, условите за работа, да се подигне безбедноста на повисоко ниво, да се врати довербата на граѓаните во полицијата. Тоа беа целите кои ги поставив на почетокот на мојот мандат. Би рекол искрениот пристап, чесноста во работењето, одговорноста, посветеноста во работата секогаш даваат резултати. И, заклучокот е многу едноставен од анкетата – сето тоа што го правите, ако го споделувате со јавноста заедно со сите бенефити кои доаѓаат од таа работа, граѓаните знаат да ги ценат”, рече министерот Спасовски.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Фудбалскиот клуб Вардар со длабоко жалење ја информира јавноста дека денес, на 38 годишна возраст почина Дејан Костуранов.

Фудбалскиот клуб Вардар со длабоко жалење ја информира јавноста дека денес, на 38 годишна возраст почина Дејан Костуранов. Својата долгогодишна успешна кариера како голман, Дејан...

Малолетно момче од Вевчани со недели било малтретирано од цимерот, откако полицијата не превзела мерки, таткото сам си превзел !!

Продолжува драмата во Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ во Битола . СВР Битола објавува дека - На 20.09.2024 во 12.00 часот во СВР Битола, Н.Г.(41)...

Преживеа 4 војни: На 111 години почина Џезиде Алиу, најстарата жителка на Косово и веројатно на Балканот

Џезиде Алиу, која со 111 години беше најстарата Косовка, починала во својот дом во Феризај (Урошевац), јавија локалните медиуми. Таа е родена на 5 август...

Стотици верници дојдоа да ја допрат и бакнат иконата на Богородица од Света Гора

Икона на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот српски манастир Хиландар пристигна во Скопје. Стотици верница дојдоа во црквата посветена на Мајката Божја да ја...