12.9 C
Ohrid
среда, мај 21, 2025
ПочетнаМакедонијаСкопјанец со 45 убоди го убил момчето во станот во Хром, а...

Скопјанец со 45 убоди го убил момчето во станот во Хром, а мајка му со бензин го запалила станот за да го скријат убиството

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пожарот што беше подметнат во стан во скопската населба Хром во кој беше најден починат маж всушност бил свирепо убиство на скопјанец, чија мајка му помогнала да го запалат станот за да ги прикријат трагите од убиството.

<

Сепак доказите на Обвинителството откриваат дека скопјанецот имал кратка расправија со жртвата, го избодел со 45 пати во вратот и телото.
По убиството, тој се јавил повеќе пати телефонски кај неговата мајка, која зела пластично шише и отишла до најблиската бензинска пумпа, купила литар и пол гориво и со синот подметнале пожар со намера да ги прикријат трагите за извршеното свирепо убиство. Со подметнатиот пожар тие предизвикале значителна опасност по животот и телото на станарите кои што живеат во зградата.

Против осомничениот кој е недостапен на органите на прогонот ќе биде поведена истрага за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1, како и за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството за него ќе предложи притвор како мерка за обезбедување по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

За неговата 59-годишна мајка, како соизвршител, поведена е истрага за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Таа е лишена од слобода и по предлог на јавен обвинител, определен и е притвор во траење од 30 дена, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ги скорие или уништи трагите од делото или дека ќе влијае врз сведоците.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Продавале „молитви во тегли“ на блиски на загинатите во кочанскиот пожар

Од струмичката епархија на МПЦ-ОА информираа дека во полиција пријавиле случај на измама и злоупотреба на име на владика од Епархијата, а осомничена е...

Сопственици на ресторан од Прилеп, донираа машина за перење во прилепската болница

Сопствениците на еден од најдобрите ресторани во Прилеп, ресторанот BEER TI & JA, денеска донираа машина за перење и хигиенски средства, за потребите на...

Ѓорѓиевски со нов проект: Бесплатна полуматурска прослава за сите деветоодделенци во Кисела Вода

Кисела Вода воведува нов концепт за одбележување на полуматурата, кој за првпат во Македонија обезбедува бесплатна и заедничка прослава за сите ученици од деветто...

Беким Максути останува во притвор за кочанската трагедија.

Притворот на Беким Максути, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, еден од обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочан, е продолжен...