12.7 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаДебарцаНи корона кризата не го спречува градоначалникот Ногачески да ги реализира своите...

Ни корона кризата не го спречува градоначалникот Ногачески да ги реализира своите проекти

Кризата предизвикана од Ковид 19 вирусот го отежнува секојдневието и тековните активности на локалната самоуправа во Дебрца, но и во такви околности, со несмален интензитет општината продолжи со реализација на капиталните инвестиции во повеќе проекти од локалната инфраструктура, информира градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Како поважни проекти, Ногачески ги наведува:

Завршена е реконструкцијата на патниот правец за село Арбиново, врска со Автопат А2 и патен правец за село Лактиње, односно асфалтирана е делница во должина од 1.178 метри, вкупната вредност на работите изнесува 4.377.194 денари, од кои 3.263.926 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а 1.113.268 денари од Буџетот на општина Дебрца ;

103293846 623995624869848 4065048965288338632 n

Завршено е тампонирањето на полскиот пат од село Издеглавје до село Слатински Чифлик, во должина од 1376 метри. Средствата за тампонирањето, во износ од 381.218 денари се обезбедени од Биро за регионален развој, Програмата за финансирање на проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби ;

103984558 623995781536499 3332729575948976125 n

Завршена е санација на каптажи за водоснабдување во местност “Тројани”, КО-Оровник. Средствата, во износ од 433.650 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца ;

103411445 623996028203141 8198436932967331179 o

Во напредна фаза е изградбата на канализационен систем за село Волино. Вкупната вредност на работите изнесува 20.011.640 денари, од кои 16.959.017 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Програма за рурален развој и 3.052.623 денари од Буџетот на општина Дебрца ;

Интензивно се работи на реконструкцијата на објект во село Белчишта и негова адаптација во изложбен објект / музеј за флората на Белчишкото Блато. Реконструкцијата е во рамките на проектот “Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област / Македонија-Грција”, чија вкупна вредност за општина Дебрца изнесува 219.555,79 EUR, а е финансиран од Европската Комисија, Interreg IPA-Cross Border Cooperation Programme MK GR, Македонија-Грција ( 85 % ) и Министерството за локална самоуправа ( 15 % ) ;

103989630 623995524869858 3613994861003715258 n

Започна реализацијата на проектот за изградба на резервоар за водоснабдување на селата Издеглавје и Слатински Чифлик. Вкупната вредност на проектот изнесува 5.072.301 денари, од кои 3.902.260,00 денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, преку проектот “Водоснабдување и одведување на отпадни води” , финансиран согласно Договорот за заем од Европската Инвестициона банка, а 1.170.041,00 денари ќе се обезбедат од Буџетот на општината ;

103287446 623996838203060 5162536564377643582 o

Започна проектот за изведба на нова бушотина за водоснабдување во село Требеништа. Вредноста на проектот изнесува 605.400 денари, а средствата ќе се обезбедат од Буџетот на општината ;

Започна имплементацијата на проектот “Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам” –завршена е тендерската постапка за набавка на теренски возила и опрема за спасување во зимски услови, а се подготвува тендерската документација за реконструкција на старото училиште во село Брежани и негова пренамена во планинарски дом. Вкупната вредност на проектот за општина Дебрца изнесува 130.000 ЕУР, а е финансиран од Европската Комисија, Interreg IPA-Cross Border Cooperation Programme MK AL, Македонија -Албанија ( 85 % ) и Министерството за локална самоуправа ( 15 % );

Завршена е тендерската постапка и ќе започна реализацијата на проектот “Тампонирање на полски пат во местност “Рибница”, КО-Оровник”, Вкупната вредност на проектот изнесува 1.161.665 денари, од кои 984.462 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а 177.203 денари од Буџетот на општината ;

Завршена е тендерската постапка и ќе започна реализацијата на проектот “Тампонирање на пристапен пат до црква “ Св.Петка”, село Требеништа, средствата, во износ од 944.000 денари се обезбедени од Буџетот на општината ;

Во тек е тендерската постапка за првата фаза од проектот: “Реконструкција-санација на задружниот дом во село Требеништа и негова адаптација во Археолошки Изложбен Центар Требеништа “. Проектот ќе се реализира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а средствата за првата фаза , во износ од 2.500.000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, Програма за рамномерен регионален развој за 2020 година.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Петкоска: Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани-Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите!

Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани! Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите! Убедена сум...

Сашо Донев: Неизмерно Ви сум благодарен за поддршката која што ми ја дававте во оваа кампања- Вашата енергија ми дава убедување дека се’ уште...

Драги сограѓани, Мои Охриѓани, Неизмерно Ви сум благодарен за поддршката која што ми ја дававте во оваа кампања. Вашата енергија ми дава убедување дека се’ уште...

Полиција во домот на родителите на Боки 13 во моментов, подкастот е паузиран

Во моментов е вториот дел од интервјуто на Бојан Јовановски попознат како Боки 13 во студиото на Лазаров. Во самото интервју кое е во живо...

Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам, вели Димитриевски

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која, претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, ги реафирмираше државните приоритети на партијата, преточени во...