Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2020 година, број 01-1086/1, од 17.06.2020 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2020 година ( „Службен гласник на општина Дебрца”, број 01/20 и 07/20 ) се објавува следниот :
ЈАВЕН ПОВИК
За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2020 година
Опис на јавниот повик
1.1. Општина Дебрца, со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди и поттикне рекреативниот спорт, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2020 година ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед ( во понатамошниот текст: субвенција ).
1.2. Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2020 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт, обезбедени се средства за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед, во вкупен износ од 180.000 денари.
1.3. На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени за купување на велосипед, во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари и вклучен персонален данок на доход .
1.4. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Право на учество на Јавниот повик
2.1.Право на субвенција имаат физички лица, жители на општина Дебрца, кои ќе купат нов велосипед во 2020 година и кои ги исполнуваат условите од јавниот повик.
3.Услови за користење на субвенцијата
3.1.Барателот треба да ги исполнува следните услови:
-да е жител на општина Дебрца,
-да нема добиено субвенција за купување на велосипед на друг јавен повик, од било кој друг извор,
– велосипедот да го купил во било кој продажен салон во државата , во 2020 година, од 01.01.2020 година до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2020 година.
4.Начин на пријавување на Јавниот повик
4.1. Барателот е должен да ја поднесе следната документација за исполнување на услови за добивање субвенција:
-барање за субвенција, кое може да се подигне во архивата на општината или електронски на веб страницата на општина Дебрца (www.debrca.gov.mk),
-копија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на општина Дебрца,
-копија од трансакциска сметка,
-доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од 01.01.2020 година до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на искористување на средствата по овој основ,а најдоцна до 31.12.2020 година,
– изјава дека нема искористено право на субвенција за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој друг извор во Република С. Македонија.
4.2. Едно физичко лице / барател може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.
4.3.Барањата за користење на субвенција можат да се поднесуваат од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2020 година.
4.4. Барањата, со потребната документација се поднесуваат до Комисијата за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2020 година, со адреса: општина Дебрца, 6344 село Белчишта, по пошта или лично во архивата на општината, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.
На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.
4.5. Архивата на општината примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување ( датум, час и минута ), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
5.Начин на спроведување на Јавниот повик
5.1. Некомплетните барања комисијата ќе ги отфрли и истите нема да бидат предмет на понатамошна постапка.
5.2.Градоначалникот на општината, на предлогот на Комисијата донесува решение за одобрување на барањето, за барателите кои ги исполниле условите од јавниот повик.
5.3.Градоначалникот на општината, на предлог на Комисијата донесува решение за одбивање на барањето,за барателите кои не ги исполниле условите од јавниот повик.
5.4.Исплатата на средствата на барателите за чии барања е донесено решение за одобрување ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати и одобрени барања, во рок од најдоцна 30 дена од денот на донесувањето на решението за одобрување.
5.5.Општината, во зависност од динамиката на поднесени барања, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 31.12.2020 година.
5.6.Доколку бидат искористени предвидените финансиски средства, општината на својата веб страница ќе го објави завршувањето на јавниот повик.
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2020 година
1.Ана Аврамоска -претседател
2.Димитар Велјаноски – член
3.Билјана Суклоска-Милошеска – член