2.9 C
Ohrid
вторник, декември 24, 2024
ПочетнаМакедонијаОливер Спасовски: Полицијата повторно застанува во првите редови, овој пат ќе се...

Оливер Спасовски: Полицијата повторно застанува во првите редови, овој пат ќе се бори со огнената стихија.

spot_img

1 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во
објава на Фејсбук упати благодарност до полицијата за ангажманот во справувањето со пожарите.

„Старата мудрост вели дека на маката се познаваат јунаците. Имајќи ги предвид изминативе
два дена, можам со чисто срце да кажам дека сум горд на македонската полиција. Таа беше
повторно на првите борбени редови, овојпат со огнената стихија, заедно со нашите
пожарникари, армијата, шумската полиција, нашите граѓани. Би сакал да изразам посебна благодарност до сите нив, без разлика дали се дел од полициските патроли, од специјалните полициски сили, од граничната полиција, независно од која полициска станица притрчаа на помош, покажувајќи силна солидарност со колегите и со граѓаните … сите беа на висината на задачата!“, напиша Спасовски.

Тој посочува дека благодарение на нивната професионалност, изградените вештини,
смиреноста и пожртвуваноста успеваат ситуацијата да ја стават под контрола.
„Им благодарам затоа што по којзнае кој пат ја ставија безбедноста и благосостојбата на другите пред сопствените, што покажаа што значи во пракса да се биде во служба на граѓаните, затоа што уште еднаш на дело покажаа дека БЕЗБЕДНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ Е ЗАЕДНИЧКИ ПРИОРИТЕТ!“, истакна Спасовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Паѓа случајот „Организатори 27 април“? Направени битни пропусти во постапката, констатира Обвинителството

Утврдени битни пропусти и свесно манипулирање во процесот на организатори за настаните за 27 април. Самото Обвинителство денес се произнесе во случајот дека не...

Ахмети: ДУИ е ураган, не прифаќаме Македонците да бидат аги, а ние да бидеме слуги

Сме биле покрај Македонците во најразлични ситуации и ќе останеме, но не прифаќаме тие да бидат аги, а ние да бидеме слуги. Додека немаме...

Градот Тетово не е украсен за Нова Година-Општината немала пари.

Градот Тетово не е украсен за Нова Година. Повеќето граѓани кои ги прашавме велат дека празниците немаат ништо со верскиот аспект ниту националниот туку...

Граѓаните не гледаат дека има намалување во маркетите, освен на производите кои помалку се трошат

Граѓаните велат дека не гледаат дека е намалено нешто во маркетите. Велат дека има намалување само кај неколку производи од еден производител што помалку...