20.9 C
Ohrid
петок, јуни 6, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридПецаков ја има најдобрата програма за локалните избори во Охрид.

Пецаков ја има најдобрата програма за локалните избори во Охрид.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Развојот на туризмот како значаен сектор за Охрид заслужува посебно внимание, а наша главна цел и стратешки приоритет е континуирано зголемување на бројот на туристи, преку градење нови модели за развој на туризмот, креирање нови форми на туризам, брендирање производи и привлекување брендирани имиња, зајакнување на човечките ресурси во угостителско-туристичкиот сектор и промоција на Охрид како безбедна и атрактивна туристичка дестинација со богати туристички содржини, рече Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на Охрид.

<

Гарантираме:
УНИФИЦИРАН ИЗГЛЕД НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ НА ПЛОШТАДОТ поради подобра визуелизација на местото.
СПОРТСКИ ТУРИЗАМ – БАЗА НА ПОДГОТОВКИ ВО ОХРИД
Подобрување на условите за развој на спортскиот туризам, преку организирање летни училишни кампови, создавање услови за подготовка на спортски клубови во истите и одржување на спортски манифестации.
ИНТЕНЗИВЕН РАЗВОЈ НА РУРАЛЕН ТУРИЗАМ преку кој има да се поттикне економскиот и општествениот развој во руралните средини, со цел спречување на миграцијата на млади луѓе преку креирање нови работни места и зголемување на економската активност во руралните подрачја.
ПРОМОЦИЈА НА ЦЕЛОГОДИШЕН ТУРИЗАМ – ОХРИД 365 ДЕНА
Афирмација преку целата година со ослободување од уплата на туристичка такса за периодот надвор од сезона, исплата на дел од сметките за вода и струја и сл., или субвенции за сместувачките капацитети што ќе носат гости пред и по туристичката сезона.
ЕКО ТУРИЗАМ – МАПИРАЊЕ, ПРОГЛАСУВАЊЕ И ПРОМОВИРАЊЕ НА ЕКОЛОШКИ ЗАШТИТЕНИ ЗОНИ (Галичица, Косел, Студенчишко Блато и други) со цел промоција на еко-туризмот во Охрид.
ОХРИДСКИ ТУРИСТИЧКИ РЕЧНИК во кој по азбучен редослед ќе бидат опфатени сите туристички вредости на градот. Крајна цел е на едно место да се опфати севкупната туристичка понуда на Охрид.
РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СТУДЕНЧИШКО БЛАТО и воспоставување поврзаност помеѓу Студенчишкото Блато и Охридското Езеро преку канали. Целта е зачувување на целокупниот езерски екосистем и влез на Општина Охрид во биосферен резерват.
7 за модерен и атрактивен локален туризам.
7 за Промени, Проекти, Победи!
7 за ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“, повика Пецаков.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Максим Димитриевски повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово?!

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек...

Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено, тоа не е политичка партија

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил пишува дека нема да дозволи селото Муртино да биде заборавено. Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во...

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Општина Кочани најави дека започнува со уривање на дивоградбите во градот, а трошоците планира да ги наплати од сопствениците на дивоизградените објекти. По трагедијата што...

Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

Муслиманите во Македонија и ширум светот денеска го слават Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам (Фитр Бајрам). За да...