8.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаМинистерство за труд вработува советници за плата од 52.000 денари, огласот трае...

Министерство за труд вработува советници за плата од 52.000 денари, огласот трае само три дена

Само што стапи на функцијата, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска веќе вработува двајца советници во нејзиниот кабинет, на кои ќе им исплаќа плата од 52.000 денари, дознава „Плусинфо“. Огласот за нивно вработување е објавен во петокот и трае 3 работни дена.

Според огласот се вработуваат – посебен советник за прашања поврзани со политика за вработување, труд, безбедност и здравје при работа и пензиско и инвалидско осигурување и посебен советник за прашања поврзани со политики за социјална заштита на деца.

Од Министерството за труд и социјална политика за „Плусинфо“ потврдија дека се вработуваат советници во кабинетот на министерката.

Министерството за труд и социјална политика поради потреба од пополнување на посебни работни места, заради извршување на работни задачи на посебни советници во Кабинетот на Министерот за труд и социјална политика, на ден петок (21.01.2022) објави јавен оглас за вработување на 2 (два) посебни советници на определено време во Кабинет на министерот за труд и социјална политика. Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат, велат од Министерството.

Огласот предизвика низа на реакции во јавноста.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...