16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаОд следниот месец се очекува ново поскапување на цигарите.

Од следниот месец се очекува ново поскапување на цигарите.

Многу брзо, а најверојатно уште од почетокот на следниот месец, се очекува зголемување на цените на цигарите на домашниот пазар, иако никој од производителите и увозниците на цигари во земјата официјално не ја потврдува информацијата.

За познавачите на состојбите ваквата најава беше очекувана со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сѐ гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството. Од друга страна, поскапувањето на горивата драстично ги зголемија транспортните трошоци, што исто така има влијание врз крајната продажна цена на цигарите.

Дополнителен проблем за производителите на цигари е нарушувањето на синџирите за производство и дистрибуција на одредени производи, како што се хартијата и картонот, кое е предизвикано од пандемијата и создава дополнителен притисок врз цените на овие репроматеријали кои се неопходни за производство.

Од друга страна, притисок врз цената на цигарите создава и редовното годишно зголемување на акцизата, која како дополнителна давачка ја воведе државата за да го дестимулира пушењето. Имено, секоја година, почнувајќи од 2013година,па сѐ до 2023 година, акцизата на цигарите се зголемува за најмалку пет денари по кутија.Во изминатите години, за да избегнат поголемо поскапување на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза врз себе. Но, оваа година, заради енормно зголемените трошоци за производството, преземањето на дел од товарот од редовното годишно зголемување на акцизата би предизвикало целосно нарушување на рентабилноста на производството.

Ова се главните причини кои несомнено водат коночекуванозголемување на продажните цени на цигарите, појава која веќе се случува во соседна Србија, а набрзо би се проширила и во целиот регион.
Ohrid1

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...