20.9 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаИсторијаЕве што напишал Англискиот новинар Ричард Катон Вудвил кога претстојувал во Македонија...

Еве што напишал Англискиот новинар Ричард Катон Вудвил кога претстојувал во Македонија за време на Илинденското востание !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Англискиот новинар Ричард Катон Вудвил претстојувал во Македонија за време на Илинденското востание и на 10 октомври 1903 година објавил графика под наслов „Бугарија и Македонското востание,” во која го претставил бруталното однесување на бугарската војска спрема македонските востаници.

<

Во описот на графиката се вели:

„Чета востаници уапсена од бугарската редовна војска токму кога тие ја преминуваат бугарско-турската граница.”

Претставена е сцена, каде што чета македонски комити се обидуваат да ја минат границата по разбивањето на Илинденското востание за да се спасат од сигурна смрт.

Тогаш во Македонија имало 250 илјади турски војници и уште 150 илјади нерегуларни сили – тнр. башибозук, кои вршеле невидени злосторства. Бугарија, сходно својата подла и дволична политика кон Македонија, речиси целосно ја запечатила границата и ги запирала македонските востанички чети што сакале да се префрлат.

Бугарските војници се прикажани како ја пресретнуваат македонската чета, ја разоружуваат и заробуваат неколку комити кои успеале да ги фатат. Војниците отвараат оган по останатите комити кои пак се приморани да се вратат назад во Македонија.

Бидејќи меѓу востаниците имало ранети, бугарските војници се прикажани како морале да преснесат еден од фатените комити.
Пристигнувањето до границата било исклучително тешко, проследено со борби и обиди на бугарската војска да ги оневозможи македонските востаници.

Колку била сериозна ситуацијата на границата зборува и фактот дека подрачјето на Серскиот Округ под контрола на Јане Сандански се вклучил со напади врз турската војска за да овозможи да се извлечат и спасат од смрт што повеќе востаници.

Сандански одлучил да дејствува иако бил изричито против предвременото дигање на востанието – на што кумувала Бугарија – и не учествувал во истото со цел да го заштити македонското население од одмазднички напади.

ИЗВОР: Richard Caton Woodville, “Bulgaria and the Macedonian Uprising,” October 10, 1903.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мачорот Тито од охридските улици замина да живее во Мичиген

Гладен, жеден, под ведро небо, на горештини, ветрови, студови и дождови. Ваков е животот на големиот број улични животни во земјава. Но...

Општина Пловдив ќе му додели 10.000 евра на Љубчо Георгиевски

Градот Пловдив ќе донира 10.000 евра на бугарскиот културен клуб „Една роза" во Битола, Република Северна Македонија. Одлуката беше донесена денес од страна на...

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...