5.7 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаАвстралијаКоалите станаа загрозен вид во Австралија

Коалите станаа загрозен вид во Австралија

Австралија ги стави коалите на листата на загрозени животни во најголемиот дел од источниот дел на територијата по драматичното намалување на нивната бројка.

Торбарите кои некогаш го преплавуваа овој континент се истребуваат поради сечата на шумите, пожарите, сушата, разни болести и други закани.

Федералната власт соопшти дека загрозениот статус се однесува на Квинсленд, Нов Јужен Велс и Австралиската главна територија, пренесе Би-Би-Си.

Тие повикаа и да се даде повеќе внимание на заштита на коалите од брзото губење на нивните живеалишта и климатските промени.

Овој животински вид досега беше категоризиран како „ранлив“ во овие територии, статус кој го доби во 2012 година.

Минатата година истражување покажа дека коалите можат целосно да исчезнат до 2050 година доколку не бидат преземени соодветни активности. Се проценува дека во големите шумски пожари во 2019-2020 година умреле 5.000 коали и биле опфатени дури 24% од нивните живеалишта во Нов Јужен Велс.

„Коалите стигнаа од тоа да не бидат на листата, преку ранлив до загрозен вид за една деценија. Ова е шокантно брзо намалување. Денешната одлука е добредојдена, но нема да го спречи правецот по кој коалите се тргнати кон истребување ако не е придружена со построги закони и иницијативи на сопствениците на имоти да ги заштитат шумските домови“, вели конзерваторскиот експерт Стјуарт Бланч од Светскиот фонд на природата – Австралија.

Научниците предупредуваат дека климатските промени само ќе ги влошуваат шумските пожари и сушите, а со тоа ќе се намалува квалитетот на еукалиптусот, кој е основна храна на коалите.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...