3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаАрбен Таравари:Бараме како што беше во Југославија, македонскиот и албанскиот да се...

Арбен Таравари:Бараме како што беше во Југославија, македонскиот и албанскиот да се рамоправни јазици

spot_img

Во врска со уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот, в.д. претседателот на Алијанса за Албанци Арбен Таравари потврди дека услов ќе биде да се брише одредбата од 20 проценти за официјална употреба на албанскиот јазик, односно, како што рече, да бидат рамноправни македонскиот и албанскиот јазик како што биле во официјална употреба во Југослаија. На прашањето дали Алијанса ќе влезе во власта, Таравари вели дека нема покана и дека такви вести спинува ДУИ за да ги скрие проблемите со фракциите и зашто таму „не се знае кој со кого е“.

Неколку недели од ДУИ се пуштаат во јавноста тврдења дека Алијанса за Албанците ќе влезе во власта, но тоа е спинување затоа што во ДУИ има три – четири или повеќе фракции и не се знае кој со кого е, па тоа го затскриваат со вакви лажни вести“, рече Таравари и наглси дека партијата нема покана за влегување во власта.

„Алијанса за Албанцигте не е човек – партија како што е тоа случај со некои партии, ние имаме органи и тела и таму се одлучува за евентуални покани за зголемување на владејачкото мнозинство, за влез во власта. Но покана нема и не е расправано за таква можност“,рече Тарвари.

Toj денеска ја презентираше партиската анализа на Извештајот на Европската комисија за Македонија и оцени дека Владата е виновна за лошите оценки на Брисел.

Во однос на уставните измени, рече дека Алијанса за Албанците ќе презентира пакет свои предлози како услов за поддршка, наведувајќи дека и странските амбасади ќе бидат информирани. Меѓу другото, рече дека условот е да се отфрли одредбата која дефинира официјална употреба на албанскиот јазик онаму каде што има над 20 проценти Албанци.
MKD.MK

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...