8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаЛевица: Тупанчески продолжува да ги штити фашистичките клубови

Левица: Тупанчески продолжува да ги штити фашистичките клубови

spot_imgspot_img

Министерот за правда Тупанчески во однос на најавените законски измени, вчера изјави дека нема можност за ретроактивност во ревидирање на веќе основаните фашистички здруженија, реагираат од Левица.

Но, истиот очигледно намерно заборава дека е Министер за правда на Македонија и истиот треба да ги штити интересите на македонскиот народ, како и сите нејзини определби и вредности, а особено во случајов антифашистичката определба на Македонија.

Оваа изјава доаѓа додека во соседна Бугарија се усвојуваат Декларации со кои се забрануваат отворање на македонски клубови, иако истите ги носат имињата на истакнати анти-фашистички дејци!

Основањето на фашистички здруженија со величење на бугарски фашистички ликови во Македонија стана опасен тренд, кој мора итно да се спречи. Во таа насока се најавените измени на Законот за здруженија и фондации.

Во законските измени е предложено и задолжителното усогласување на веќе основаните организации, здруженија, фондации, сојуз и други форми на здружување на своето име и/или назив, цели и дејности пред Централниот регистар во рок од три месеци.

Разгорувањето на национална омраза од страна на овие здруженија е доказ за нивното противуставно и противзаконско основање и постоење. Во таа насока Левица како политичка партија достави иницијативи за забрана за работа до Основното јавно обвинителство во Охрид и Битола за Здружението „Цар Борис III“ во Охрид и Здружението„Ванчо Михајлов“во Битола.

Но, иако се работи за национален интерес, ОЈО Битола и Охрид сѐ уште немаат постапено, додека сведоци сме како Ламбе Алабаковски експресно беше првостепено осуден.

Непостапувањето на институциите, отсуството или млаката реакција од владините функционери и пролонгирањето на законските измени само потврдува дека пробугарската коалиција на СДС и ДУИ целосно е ставена во служба на рехабилитација на фашизмот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен скопјанец кој со ловечка пушка им се заканувал на жители на Богомила

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, уапсија 36 годишен скопјанец кој со ловечка пушка им се закнувал на жители од село Богомила. На 03.05.2024 во...

На денешен ден во 1945 година е утврдена македонската азбука со 31 буква

На денешен ден 1945 година, Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донела...

Мицкоски: Денес е најтешкиот ден во Христијанството, ден на христовите страдања за човештвото.

Велики петок (уште нарекуван и Распет петок) се смета за најтежок празник во христијанската религија. Настанот кој е поврзан со овој празник е христовото...

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...