11.5 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Охрид одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Во Охрид одбележан Денот на македонската револуционерна борба

spot_imgspot_img

Денес во Спомен куќата на македонскиот револуционер и војвода Христо Узунов, свечено беше одбележан, 23 Октомври –Денот на македонската револуционерна борба. Во името на Општина Охрид, се обрати советникот Наум Јамандиев.

– Славејќи го и одбележувајќи го 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денес, после 129 години со нескриена восхит се сеќаваме на младите, храбри и одважни луѓе: Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, кои го поставија темелникот на сите слободарски борби на македонскиот народ. Со јасна мисла, без доволно стратегија, но со нескриен жар и огромна верба, се заложиле за слободна Македонија. Повеќе чувствувале одколку што знаеле дека, поставуваат ТЕМЕЛ И ВИЗИЈА за идните генерации. Нивните заложби и идеи ќе се материјализираат преку Илинден од 1903, НОБ од 1941 – 1945 и 8 септември од 1991 –та година, со заокружувањето на Македонската државна независност.

Со прогласувањето на независноста, сеништата на минатото не престанаа да се надвиснуваат над нашата Македонија. Во сите овие 31 година независнот, Македонија и Македонците продолжија да соочуваат со бројни тешкотии во остварувањето на своите национални и човечки идеали. Но, јас сум уверен дека кодот на Македонецот, да прости, да трпи, да се бори и да гради, одново и одново, е доволно силен, за ние како генерација да ги пребродиме сите предизвици, за извесна и просперитетна иднина.

Затоа, денес со посебен пиетет ги спомнуваме нашите херои и основоположниците на Македонската револуционерна борба. Нека им е вечна слава и честит и вековит да ни 23 Октомври и вечна да ни е Македонија – истакна Јамандиев.

Одбележувањето на празникот продолжува и во недела, со положување свежо цвеќе пред спомениците на македонските револуционери.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...