10.9 C
Ohrid
понеделник, октомври 14, 2024
ПочетнаМакедонијаКинезите бараат продолжување на рокот до 2026г, за изградба на автопатот Кичево-Охрид

Кинезите бараат продолжување на рокот до 2026г, за изградба на автопатот Кичево-Охрид

Неофицијални информации на ТВ21 говорат дека компанијата Синохидро бара продолжување на рокот за завршување ма автопатот Кичево-Охрид до 2026. Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи не потврди дали има такво барање туку рече дека рокот за изградба е до 2023.

Во емисијата Клик Плус градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари зборуваше за одговорноста на Ејуп Рустеми и Благој Бочварски за доцнењето на изградбата на автопатот. Рече дека тоа им штети на бизнисите и ги загрозува граѓаните во сообраќајот.

Заменик министерот за транспорт, Реџепи исто така рече дека се работи интензивно и на изградбата на автопатот Букојчани-Гостивар кој ќе се поврзе со коридорот 8.

Овие коментари Реџепи ги даде при почетокот на работите за канализација во општина Пласница која достигна вредност од 170 илјади евра со финансии од Светска банка.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По 25 години во Сител, Ивона Талевска почнува со работа во Алфа Тв.

По точно 25 години, познатата новинарка, водителка и уредничка Ивона Талевска, ја напушти телевизија Сител. „Наскоро се гледаме од ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со...

Касами бара парите да бидат на албански јазик.

Биљал Касами вчера во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека еден од Законите кои мора да се промени е тој за Централна банка,...

Зетот на убиениот Панче: Велибор ги извадил бекатон плочките од дворот на Панче

Тодор Кирков, зет на убиениот Панче Жежовски, денеска сведочеше на судењето за двојното убиство. Во својот исказ, Кирков ја опиша динамиката на односите со...

Тошковски најави засилен видео-надзор откако првооделенци сакале да силуваат ученик во Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца првооделенци од училиштето „Димитар...