9.9 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаСветАмерикански новинар приведен во Катар поради маица со боите на виножитото

Американски новинар приведен во Катар поради маица со боите на виножитото

Американскиот новинар Грант Вал, кој работи за CBS Sports и има напишано книга за Дејвид Бекам, бил приведен на стадион во Катар поради носење маица со боите на виножитото пред почетокот на натпреварот САД – Велс на Светското првенство на стадионот „Ахмед Бин Али“ во Ал Рајан.
Кога дојдов на стадионот, облечен во маичка со виножито за поддршка на ЛГБТ заедницата, редарите ми забранија да влезам. Ме задржаа 25 минути и бараа да ја соблечам маицата. Твитнав за тоа. Еден момент подоцна, еден од чуварите насилно ми го грабна телефонот од раце. Помина речиси половина час. Чуварите одбија да ми го вратат телефонот и рекоа дека мојата маица е „политизирана“ и бараа да ја соблечам. Јас одбив. Мојот пријател Ендрју Дас, новинар на The new York Times, минуваше и му кажав што се случува. Го уапсија и него. На крајот чуварите ме натераа да станам и да се свртам кон безбедносната камера. Еден од чуварите праша: „Дали сте од Велика Британија? Јас одговорив: „Од Њујорк“. Ова почна да ме нервира. Конечно го ослободија Енди. И тогаш ми пријде шефот на обезбедувањето. Тој рече дека ме пуштаат и ми се извини. Се ракувавме. Еден од редарите ми кажа дека само се обидуваат да ме заштитат од навивачите внатре кои би можеле да ме повредат поради носењето на маицата. Подоцна ми се извини и претставник на ФИФА. Но, оваа епизода ме натера да размислам како им е на обичните Катарци кога целиот свет не гледа во нив“, напиша американскиот новинар.

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) донесе забрана за какво било носење симболи или пароли, од страна на националните тимови, новинарите но и навивачите, за поддршка на ЛГБТ-популацијата, почитувајќи ги законите на земјата-домаќин на Мундијалот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Митрополит Тимотеј

Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј денеска ја загуби битката за живот и почина во болница. Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј починал денеска на 73-годишна возраст. Тимотеј неколку дена бил...

Граѓани од Скопје бараат од надлежните да ги заштитат од агресивно куче

Во групата на ФБ „ Во одбрана на Буњаковец“ е објавен апек до надлежните за да ги заштитат од агресивно црно куче , кое...

Охриѓанка крадела по бутици во Гостивар

Вчера полицајци од Гостивар ја лишиле од слобода Џ.Д. (44) од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во...

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...