26.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаИсторијаРазоткриена строго чувана нацистичка нарко-тајна: Еве зошто армијата на Хитлер ги “газела“...

Разоткриена строго чувана нацистичка нарко-тајна: Еве зошто армијата на Хитлер ги “газела“ планинските венци како да шета по поплочена патека

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Војниците на германскиот Рајх користел дрога во голема количина, а таа тема до пред неколку години била апсолутно табу во германското општество, вели германскиот писател Норман Олер, автор на светскиот бестселер за Третиот рајх и наркотиците „Blitzed: Drugs in Nazi Germany“.

<

Во текот на долгогодишното истражување, Олер собирал материјали кои се поврзани со нацизмот и употребата на наркотици во еден исклучително “прописен“ и “чист“ државен систем.

Норман Олер

„Нема Германец кој на некој начин не бил поврзан со нацизам и наркотици. Многу важен аспект на нацистичката идеологија било инсистирање на култното здравје. Нацистите сакале да се претстават како “чисти“ – со чиста крв и дури во 1933-та година донеле закон за забрана на наркотици во тогашната Вајмарска република“ – изјавил Олер и додал дека нацистите ја разбиле широко распространетата употреба на морфиум по Првата светска војна.

“Хајл Хитлер“ значело “да живее Хитлер“ и “здрав Хитлер“

„Хитлер бил вегетаријанец и противник на алкохолот. Дури и поздравот “хајл“, освен “да живее“ значи и “здрав“. Значи, “здрав Хитлер“ било олицетворение на чистотата. Познаник на еден од моите пријатели кој купувал стар мебел во 2010-та година нашол плакар полн со “первитин“ кој во добата на нацизмот бил регуларен лек. Единствениот состав на тој лек е синтетичка дрога – метамфетамин“ – изјавил Олер.

Германските војници скокале низ Арденските планини како “супермен“

Така почнало истражувањето на употреба на наркотиците во нацизмот и тоа истражување Олер го довело до сознание дека нацистичките напади и брзите победи во Европа биле возможни затоа што војниците масовно користеле метамфетамин.

Олер додава дека во заедничкото истражување со еден германски историчар наишол на податок дека младиот германски хемичар во 19-от век успеал да го издвои морфиумот од мака.

Ардените прегазиле во трката и крваво го изненадиле сојузникот

„Подоцна неговите колеги пронашле хероин и аспирин па затоа хероинот некое време во Германија се препорачувал како лек кој ги заспива децата. Бил популарен меѓу родителите од тоа време“ – вели Олер и истакнува дека дрогите биле забранети во нацистичка Германија сè до 1936-та година кога се оддржувала олимпијадата во Берлин.

„Тогаш фармацевтските компании го произвеле “первитинот“ кој ја држел главата “бистра“ и им овозможувал на луѓето повеќе време да можат да бидат будни. Слоганот од тоа време бил “Германијо, разбуди се““ – вели Олер и додава дека “перветинот“ бил моментален лек.

Истата дрога за домаќинките и за напад на Полска

„Домаќинките го земале за побрзо да ги чистат нивните домови и Германија била подготвена за војна. Еден професор кој работел на отстранување на тумор кај германските војници го препорачал “перветинот“ како средство за стимуланс пред нападот на Полска и Австрија. Им објаснувал на војниците дека можат да бидат будни уште осум часа по земањето на лекот. Нарачани биле 35 таблети пред нападот на Франција. Три дена и три ноќи Германците напредувале низ Франција без никаков одмор. Го преминале планинскиот венец како да оделе по асфалтирана патека“ изјавил Олер и додал дека тоа било првото хемиско оружје кое Германците го користеле.

Извор https://tocka.com.mk/vesti/319474/razotkriena-strogo-cuvana-nacisticka-narko-tajna-eve-zosto-armijata-na-hitler-gi-gazela-planinskite-venci-kako-da-seta-po-poplocena-pateka

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведен пијан 37-годишен Валандовец во Охрид.

На 03.08.2025 во 00:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид од слобода го...

Тешко повреден малолетник од Скопје – Скокал од пристаништето во Охрид во 5 часот наутро !!

На 02.08.2025 година во 05,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека при скок од малото пристаниште во водите на Охридското езеро, со повреди...

Се огласија од СВР Охрид: Кај раперот Раста беше пронајдена опојна дрога !!

На 03.08.2025 година во 00,10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С....

Сопственик на локал во Виница физички нападнал полициски службеници додека вршеле контрола !!!

Нападнати полицајци при контрола во локал со малолетници и алкохол. Нападнати полицајци при контрола во Виница во објект кај Градскиот базен. 34-годишен угостител прво вербално,...