-1.1 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаПлатата ја кренаа за 15% производите поскапеаа за 20%- Се бара компаниите...

Платата ја кренаа за 15% производите поскапеаа за 20%- Се бара компаниите кој не ги намалија цените да ги вратат парите добиени како субвенции за струја

spot_img

Прехранбените компании да ги вратат субвенциите за струја што ги земале од државата – организацијата на потрошувачи со остри критики за производителите кои не ги намалија цените на основните продукти. Од купувачите добиле поплаки буквално за се: напумпани цени, намалена грамажа, една цена на рафт – друга на каса. Токму затоа бараат наместо кај фирмите, парите да завршат кај граѓаните преку други мерки.

„Парите треба да се вратат во буџетот, од каде што се земени. И тие средства на друг начин да им се вратат на граѓаните. Нешто намалиле…осетивте ли? Ништо не осетивте. Владата треба да сериозно да размисли. Прво, да се вратат парите назад и второ, навистина да се заштитат граѓаните, а не како што викаат само ранливата категорија. Сите сме веќе ранлива категорија. И четиричлено семејство со две мали деца е ранлива категорија ако се со просечна плата“ – Марјана Лончар Велковска, претседател на ОПМ

Компаниите секогаш ќе наоѓаат причина за цените на продуктите затоа што не сакаат да се откажат од профитот, вели Лончар. Потенцира дека замрзнатите маржи не дале никаков ефект, па единствена опција останува замрзнување на цените.

„Ние знаеме дека тоа не е популарна мерка. Па ќе почнат да ги симнуваат производите од рафтови, па ќе почнат да ги кријат…тоа е нечесна пазарна пракса, па ајде ќе ги казнуваме. Излегува дека нас ни е целта да ги казнуваат. Не ни е тоа целта.“ – Марјана Лончар Велковска, претседател на ОПМ

Дека најголем скок има кај цените на храната, потврди и статистика, која пресмета дека минатиот месец животот бил поскап за 17%.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...